fbpx

Златна зора презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас

-

Лидерот на неонацистичката Златна зора, Никос Михалолиакос, презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас од страна на симпатизер на партијата. Сепак, според него, партијата нема кривична одговорност за делото.

– Преземаме политичката одговорност за убиството во Керацини (населбата каде беше убиен Фисас н.з.), но не постои кривична одговорност. Зарем е можно една цела партија да е обвинета бидејќи еден нејзин симпатизер или пријател на партијата извршил дело кое е за осуда? – изјави Михалолиакос во интервју за радиото „Реал ФМ“.

Во единственото интервју со него во поголем медиум, имајќи предвид дека поголемите весници, телевизии и радиостаници не ги викаат членовите на Златна зора во дебатите пред изборите, Михалиакос тврди дека тој од првиот момент го осудил убиството и ги осудува сите насилни чинови бидејќи тоа не е во рамките на идеологијата на партијата и е спротивно од однесувањето што се очекува од сите нивни членови.

Михалолиакос ја обвини Нова демократија дека намерно им го има подметнато убиството и дека зад целиот случај има силни политички мешања.

– Случајот ни го подметнаа Андонис Самарас и луѓето од неговите кругови – истакна Михалолиакос, говорејќи дека не е случајност што еден ден пред убиството, од Нова демократија излегле со коментари дека Златна зора е криминална организација.

Партијата и нејзиното лидерство се сè уште во судскиот процес под обвинение дека формирале и функционирале како криминална организација, која има зад себе убиства, насилни физички напади, изнудување пари, рекет и ред други дела кои грчкото обвинителство ги достави пред судот во Атина.

Златна зора, независно од обвинувањата и од нејзините насилни активности, останува трета најпопуларна политичка партија меѓу граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...