fbpx

Грција го поднесе пакетот мерки до Брисел

-

Грчката влада го поднесе конечниот детален предлог мерки и реформи до европските институции и првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум.

Владата на премиерот Алексис Ципрас со овој предлог бара тригодишна финансиска помош од европските институции за покривање на нејзините финансиски и социјални обврски.

Пакетот е во висина од 10-12 милијарди евра и, според неофицијалните информации, содржи мерки поврзани со даночни и социјални реформи, како поскапување на даноците во угостителството, откажување од 30 отсто пониските даноци за островите, постепено укинување на предвременото пензионирање и зголемување на границата за пензионирање, кратење на буџетот за армијата, но и барање за реструктуирање на грчкиот долг.

Со цел да се покаже поголема волја и готовност за договор со кредиторите, грчката влада во исто време го достави пакетот мерки и во парламентот, кој утре на полноќ по брза постапка ќе гласа за мерките. Изгласувањето на пакетот ќе биде дополнителен поттик за премиерот Ципрас и воопшто за грчката преговарачка позиција и ќе покаже отвореност и желба да се најде заеднички јазик со европските партнери за Грција да ја осигура нејзината позиција во еврозоната и европското семејество.

Истовремено, овие чекори се во насока што побрзо да се даде зелено светло на Европската централна банка за нова финансиска инфузија на грчките банки и враќање на нивната ликвидност, за да се спречи дополнително влошување на финансиската состојба во државата.

Мерките веќе ги одобри целиот владин состав на неколкучасовната владина седница во премиерската палата попладнево.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...