fbpx

Новите мерки одново ја нишаат владата на СИРИЗА

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас загуби уште еден од блиските соработници, поранешниот портпарол на владата, Гаврил Сакеларидис. По шпекулациите дека Сакеларидис ќе се обиде да избегне присуство при гласањето на новите закони за спроведување на мерките договорени со европските кредитори, Ципрас отворено побарал од него да ја напушти собраниската група на СИРИЗА и да го предаде пратеничкото место.

Сакеларидис во својата оставка до собранието забележува дека веќе не би можел да ги поддржува владините политики и мерки за штедење, поради што се повлекува од пратеничкото тело на СИРИЗА.

„Се повлекувам од позицијата бидејќи веќе не можам да придонесам за спроведувањето на владината политика“, вели Сакеларидис во својата оставка.

Според владини извори, поранешниот портпарол на владата веќе подолго време изразувал несогласување и незадоволство од владините чекори и од мерките за штедење, иако од почетокот ги познавал и договорените мерки и предизвиците што стојат пред грчката влада.

Оцените во Грција се дека ваквиот чекор на Ципрас, односно барањето од Сакеларидис да се повлече од пратеничкото место, претставува јасна отворена порака до сите пратеници на СИРИЗА кои не покажуваат целосна поддршка кон работата на владата.

Со сличен проблем се соочува и коалицискиот партнер на Ципрас и лидерот на Независни Грци, Панос Каменос. Никос Николопулос, еден од пратениците на Каменос, јавно истакна дека не се согласува со мерките што ги наметнува демохристијанската партија, алудирајќи на партијата на Меркел, со кои грчкиот народ губи секакви права, меѓу кои и правото на сопствеништво на стан и на имот.

Каменос испрати порака до Никопулос, коментирајќи дека очекува од него да остане во линија со владините ставови, бидејќи во спротивно ќе побара од него да си поднесе оставка.

Што ќе се случува со Николопулос и со владината стабилност ќе покаже вечерашното гласање на законите за новите мерки, како законот за имот и за специјален данок за производството на вино.

Ваквите случувања алудираат на нова нестабилност и внатрешни проблеми во грчката влада, која си даде оставка летово, токму поради внатрешни превирања и несогласувања со владината политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа Европската недела на имунизација, со повици за поголема вакцинација. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил...