сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: СИРИЗА | 87 резултати

Ципрас ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори

април 16, 2019

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека нема да има предвремени парламентарни избори во Грција, односно ќе бидат одржани според планот, во октомври, пренесе „АНА-МПА“. Ципрас изрази оптимизам дека неговата левичарска коалиција СИРИЗА ќе победи на претстојните избори за Европскиот парламент закажани за 26 мај. – Целта на СИРИЗА и […]

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

јануари 25, 2019

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност […]

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

јануари 9, 2019

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија […]

Нова демократија води со 10 отсто пред СИРИЗА на најновата анкета

октомври 4, 2018

Опаѓа рејтингот на СИРИЗА на Алексис Ципрас на најновите анкети. Според сондажата на компанијата „Интервју“ опозициската Нова Демократија е грчка политичка партија со 30,9 отсто, додека партијата на Ципрас доби 21,3 отсто. Анкетата е правена со прашањето „За која партија би гласале ако следната недела се одржат општи парламентарни избори?“. Зад двете први партии се […]

Договорот од Преспа проблематичен за 62 отсто од Грците

јуни 29, 2018

Со негативен или претежно негативен став кон Договорот од Преспа со кој владите на Грција и Македонија сакаат да го надминат спорот, се 62 отсто од Грците, покажа новата анкета што за грчката телевизија „Скај“ била спроведена од агенцијата „Pulse“. На прашањето „Од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го […]

Нова Демократија води со 12,4 отсто пред владејачката Сириза

јуни 27, 2018

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“. 26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто. Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на […]

Нова демократија води со 9 отсто предност пред СИРИЗА на Ципрас

март 16, 2018

Опозициската Нова демократија води пред СИРИЗА со 9 отсто, покажува најновата анкета во Грција што за телевизијата „Скај“ ја спровела агенцијата „Пулс“. Финансиската криза и ригорозните мерки за штедење генерално на секои парламентарни избори во изминатите 10 години ги тераа гласачите да се ориентираат кон опозицијата, а според анкетата изгледа дека повторно ќе се случи […]

Ципрас: „Земјотресот“ од милион граѓани на протестот, остана само желба на Мицотакис

февруари 4, 2018

По протестите денеска, најавуваниот „земјотрес“ и милионите демонстранти останаа само желба на Андонис Самарас и Киријакос Мицотакис, се вели во соопштението на кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а пренесуваат грчките медиуми. „Мнозинството граѓани кои останаа пред телевизорите, се согласуваат дека надворешно-политичките прашања не треба да се решаваат со фанатизам и нетолеранција“, стои во соопштението. […]

Каменос не верува дека проблемот со името ќе се реши до Самитот на НАТО

јануари 29, 2018

Лидерот на Независни Грци и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот со името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Според него, преговорите ќе траат долго и потребно е да се направат уставни промени поради „иредентистичките позиции“. Неговата партија не отстапува од позицијата, […]

Коѕиас: Ние сме за постоење на единство во БЈРМ и не се мешаме во внатрешната политика

мај 4, 2017

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, испрати јасна порака дека Грција ги поддржува стабилноста и единството во Македонија. Во говор за време на презентација на книгата на ексминистерот и европратеник Никос Сфунакис за грчката надворешна политика, Коѕиас порача дека остро се противат на идеите за дестабилизација на Балканот и за промена на границите во регионот. „Грција […]

Грција внимателна во реакциите за турскиот референдум

април 18, 2017

Грција е резервирана во реакциите од исходот на референдумот во Турција. Грчката влада не излезе со официјална реакција, но извори од владиниот кабинет во изјава за грчката информативна агенција АПЕ испратија порака за поддршка на демократијата и на стабилноста на државата. „Ќе се почитуваат одлуките на турскиот народ за иднината. Ние ги поддржуваме стабилноста и демократијата. […]

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

април 7, 2017

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот […]

Европските кредитори бараат и грчката опозиција да ги поддржи идните мерки

март 22, 2017

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, бара гаранции и од грчката опозиција дека ќе се поддржат и ќе се спроведат договорените мерки за 2019 година. Оваа одлука на Шојбле предизвика нова сопка во разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. Грчката влада под притисок на кредиторите прифати да се гласаат и да се спроведат нови мерки […]

Седиштето на СИРИЗА нападнато со молотови коктели

февруари 20, 2017

Седум лица се уапсени и околу 30 се приведени поради напад на седиштето на владеjачката партија СИРИЗА во центарот на Атина. Според информациите од полицијата, седиштето на партијата беше нападнато вчера вечерта од група од околу 40 лица. Напаѓачите биле маскирани со првоаприлски маски и со перики и ги нападнале објектот и полицијата околу него со […]

Грците песимисти за брзо економско закрепнување

февруари 14, 2017

Во Грција владее големо незадоволство од двегодишната работа на коалициската влада на СИРИЗА и Независни Грци, покажува новата анкета на јавното мислење на солунскиот универзитет „Македониа“. Дури 81 отсто од испитаниците се изјасниле дека според нив, владата не работи добро. Незадоволни се и гласачите на СИРИЗА, од кои 62 отсто изразиле незадоволство од тоа како […]

Ципрас дециден дека нема да има нови мерки за штедење

јануари 25, 2017

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, испрати остра порака до кредиторите дека Грција нема да спроведе ниту една дополнителна мерка од тие што се веќе договорени. Точно две години откако СИРИЗА е на власт во државата, Ципрас во интервју за „Весник на новинарите“ порачува дека нема да дозволи нови притисоци од кредиторите и стави крај на гласините за […]

Грците се незадоволни од СИРИЗА, но спасот не го гледаат ни во Нова демократија

декември 1, 2016

Новата анкета на јавното мислење на агенцијата „Паблик ишју“ покажува големо незадоволство од работата на владата и песимизам дека работите во Грција може да почнат позитивно да се развиваат. Разочараноста на граѓаните од работата на владата, насоката во која се движи државата и воопшто политичките партии е сè поголема. Огромен процент од испитаниците, дури 88 […]

Строгите мерки за штедење ја намалуваат поддршката на Грците за СИРИЗА и за Ципрас

ноември 8, 2016

Владејачката СИРИЗА сериозно заостанува зад Нова демократија според уште една нова медиумска анкета во Грција. Резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Универзитетот „Македониа“ за телевизијата „Скај“, покажуваат дека Нова демократија во поддршката од гласачите води 15 отсто пред партијата на премиерот Алексис Ципрас. Поконкретно, Нова демократија е на прво место со 30 отсто […]

Ципрас подготвува реконструкција на владата

ноември 4, 2016

Грција е во исчекување на нова владина реконструкција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го подготвува новиот состав на владата и можно е да го објави во текот на денот или најдоцна викендов. Иако на почетокот на неделата од кабинетот на Ципрас посочија дека реконтрукцијата не е приоритет во моментов, се чини дека грчкиот премиер поради сите […]

Разлика од 24 отсто меѓу Нова демократија и СИРИЗА според нова анкета во Грција

ноември 2, 2016

Голема разлика во рејтингот и во популарноста меѓу Нова демократија и СИРИЗА покажува новата анкета на јавното мислење спроведена од грчката агенција „Паблик ишјус“. Според анкетата, десничарската Нова демократија води со 24 проценти пред владејачката партија на Алексис Ципрас. Резултатите од анкетата спроведена во октомври покажуваат дека рејтингот на Нова демократија меѓу гласачите е 42 отсто, […]

Страна 1 од 5