fbpx

Грција загрижена поради новиот бран имигранти и политички бегалци

-

Во Грција владее загриженост поради новите големи бранови бегалци и мигранти кои преку Турција влегуваат во државата во последните денови. Според информациите, грчката влада бара соодветен начин да ги смести политичките бегалци од Сирија, размислувајќи да им се понудат празни згради кои им припаѓаат на државата и на војската.

Грчките медиуми пренесуваат речиси панична клима за зголемен број имигранти кои нелегално влегуваат во државата и ги имаат преплавено атинските плоштади и грчките острови. Од јануари до март во земјата влегле 10.445 имигранти, што, според медиумите, е алармантна бројка во однос на минатата година кога во истиот период преку морската граница во Грција влегле 2.863 имигранти.

Весниците и телевизиите ја критикуваат и изјавата на заменик-министерката за имиграциона политика, Тасиа Христодулопулу, која тврди дека нема имигранти во Атина туку само политички бегалци.

– На плоштадот Омониа нема имигранти, има само политички бегалци кои се во Атина и излегуваат изутрина да се сончаат и да се стоплат. Во државата нема веќе илегални имигранти, туку само бегалци – истакна Христодулопулу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...