fbpx

Грција испрати нов предлог до европските институции

-

Сè погласни се информациите за нов договор од грчка страна, а владиниот авион е подготвен да го пренесе премиерот Алексис Ципрас до Брисел или Берлин да разговара за него. Според информациите од владиниот кабинет, грчката влада денеска до кредиторите поднела нов предлог за двегодишен договор со Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), кој целосно ќе ги покрие финансиските потреби на Грција и истовремено ќе овозможи реструктуирање на грчкиот долг.

Сè уште не се познати никакви дополнителни детали од програмата ниту, пак, условите кои се поставуваат за финансирање на Грција, ниту како би се завршил актуелниот финансиски пакет. Владини извори истакнуваат дека самиот референдум за грчката влада не става крај на преговорите, туку претставува чекор за нивно продолжување со подобри услови за грчкиот народ. Од владиниот кабинет тврдат дека владата до крај ќе се бори за одржливо решение во рамки на еврозоната и токму во таа насока ќе бидат сите гласови против лошиот договор на кредиторите на референдумот в недела.

Според неофицијални информации во Грција, Ципрас размислува за идејата за откажување на референдумот или за негово спроведување, но со нов текст и со договор кој би можел да биде прифатен од народот. Се шпекулира дека владиниот кабинет е вознемирен од народната паника создадена од најавата за референдум, сликите на редиците граѓани пред банкоматите кои панично ги повлекуваат парите, но и од тајни анкети околу можниот резултат од референдумот, кои покажуваат поголема наклонетост кон прифаќање на мерките. Резултатите од анкетите сè уште немаат протечено во јавноста.

Според последните јавни анкети на медиумите, голем број граѓани се на страна на грчкото останување во еврозоната. Анкетата за весникот „Прото тема“ покажува дека 57 отсто од испитаниците се на страна на постигнување договор, а анкета за весникот „То вима“ покажува дека испитаниците би гласале „за“ на референдумот. Поконкретно, според анкетата, 47,2 отсто изјавиле дека ќе гласаат „за“, 33 отсто „против“ мерките, а 19,8 биле неодлучни. Од испитаниците на „То вима“, 67,8 отсто се изјасниле дека избираат Грција да го задржи еврото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...