fbpx

Потенцијална македонска влада на национално единство ќе ја стави Грција во незгодна позиција

-

Формирањето влада на национално единство во Македонија би ја отежнало позицијата на Грција во врска со спорот за името и со приемот на државата во ЕУ и во НАТО. Грчкиот професор по меѓународни односи и директор на програмата за Југоисточна Европа на ЕЛИАМЕП, Јанис Армаколас, во интервју за весникот „То вима“ вели доколку се формира ваква влада во Македонија, тоа би било позитивно за внатрешните политички случувања во државата, но би ја ставило Грција во непогодна позиција.

– Доколку дојде до таква влада, тоа ќе биде позитивно за државата бидејќи ќе ја смири кризата. Меѓутоа, тогаш Грција ќе се најде во отежнета позиција доколку се обиде да отфрли гестови на добра волја кон новата политичка ситуација во Скопје – вели Армаколас за „То вима“.

Неговата оцена е дека и во сегашната состојба на политичка криза која владее во Македонија, не е исклучено да има нови меѓународни притисоци врз Грција за да се крене рампата за прием на Македонија во ЕУ и во НАТО. Како што посочува Армаколас, Грција, која често е критикувана за нејзиното блокирање на интегративните процеси на Македонија, може да ја искористи кризата во Македонија да ги поддржи своите позиции дека токму однесувањето на Владата и карактерот на режимот на Никола Груевски се главната пречка за напредокот на државата кон западните институции.

– Меѓутоа, ни ова не е гаранција дека Грција нема да се најде на мета на нови притисоци во следниот период. Сметам, сепак, дека мали се шансите да има раздвижување околу ова прашање додека трае политичката криза – вели Армаколас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...