fbpx

Варуфакис: Грција мора да се реформира или ќе потоне

-

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, се согласи со тезата дека доколку Грција не изврши клучни реформи, државата ќе потоне.

– Се согласуваме со фактот дека е потребна структурна реформа бидејќи државата е државен непријатен број еден за инвеститорите и за бизнисмените и ако Грција не се реформира, ќе потоне. Тогаш зошто не се договориме да престане задушувањето на пазарот? Одговорот е дека по пет години спроведување програма за штедење, која е неуспешна, она што е приоритетно не е следната рата – изјави Варуфакис говорејќи на конференција на „Економист“ во Атина.

Министерот истакна дека одбива да се потпише и да прифати програма за реформи која според сите математики, јасно е дека нема да се оствари и да излезе онака како што се најавува.

Грчката влада последниве денови изразува оптимизам за напредок во преговорите со Брисел, кои продолжуваат и денес на ниво на бриселската група во делумно затегната клима. Владата на Алексис Ципрас изминатите три дена постојано одржува редовни седници за да се постигнат договори околу позициите во преговорите со Брисел околу грчките обврски и новата финансиска помош за Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.