fbpx

Атина се најде погодена: Македонија да не ја префрла вината на друг

-

Грција побара македонскиот државен врв да престане да ја префрла вината на други за инцидентите во државата, туку да се фрли на лекување и на решавање на внатрешните проблемите како зајакнување на демократијата, човековите права, спроведување на Охридскиот договор и почитувањето на добрососедските односи.

Реакцијата дојде од грчкото Министерство за надворешни работи, како одговор на изјавите и на барањето на претседателот Ѓорге Иванов меѓународната зедница, ЕУ и НАТО да ги деблокираат евроатлантските интеграции и неговото обвинување дека закоченоста на интеграцијата создава проблеми во политичкиот и во меѓуетничкиот живот и го прави македонското тло подложно за обид за дестабилизација.

Оттаму апелираат да преовладее разум и воздржаност за да се смират случувањата во државата.

Коментирајќи ги изјавите на Иванов, потпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас, истакна дека ескалацијата на тензијата во Македонија ја потврдила тезата што Грција постојано ја повторува пред меѓународната заедница, односно дека во нашата држава постојат сериозни проблеми со демократијата, владеењето на правото, почита на човековите права, спроведувањето на Рамковниот договор, почитта на добрососедските односи.

„Политичките лидери на Скопје нека се завртат кон решавање и лекување на овие проблеми, покажувајќи самокритичност и разбирање, наместо да бараат жртвени јагниња, обвинувајќи некој друг за безизлезната ситуација на европските и на атлантските интеграции на државата, кои Грција искрено и постојано ги поддржува“, вели Кутрас во соопштението.

Неговата изјава е продолжување на поновата стратегија на Грција со која се укажува дека проблемот за македонскиот влез во ЕУ и во НАТО не е само спорот за името, туку се поклучни работи како недостигот од демократија и неисполнувањето на основните копенхашки критериуми.

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите во судирот во Куманово, изразувајќи надеж дека ситуацијата во Куманово е само изолиран инцидент. Апелираше во Македонија да преовлада воздржаност, разум и дијалог за да се решат проблемите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...