fbpx

Кина чека договор меѓу Грција и кредиторите за новата железница

-

Кинеската компанија „Коско“ (Cosco) чека договор меѓу Атина и меѓународните кредитори за да се продолжат разговорите и плановите за изградба на брзата железница од Будимпешта до Атина. Според информациите во Атина, кинеската компанија сè уште е силно заинтересирана за инвестиции во железничкиот сектор и за изградба на подобра линија со која побргу ќе се стигнува од Атина до Будимпешта, со што ќе се отворат нови можности за подобар патнички и товарен превоз на стоки кон Европа.

Весникот „Нафтемпорики“ пренесува дека разговорите меѓу Кина и Атина се водат на многу високо ниво, што покажува на интерес и заангажираност и од двете страни да се оствари оваа идеја и соработка, која ќе го олесни патничкиот транспорт и уште поважно пренесувањето на стоки од пристаништата во Атина и во Солун. Весникот истакнува дека разговорите привремено се замрзнати поради целата неизвесна економска ситуација во Грција и во Кина не сака да продолжи со преговорите додека не биде сигурна дека Атина ќе постигне договор со ЕУ.

Разговорите, главно, се одвивале со идејата „Коско“ да успее да постигне договор за изградба на железничка линија на Балканот во Македонија, Србија, Унгарија, а целиот менаџмент со проектот да го води грчката компанија ЕРГОСЕ, која е дел од грчката железница. Проектот е дел од идејата на Кинезите да се воспостави подобра транспортна линија меѓу пристаништето во Атина со кое раководат и железницата да може да се овозможи поефикасен транспорт на нивните стоки и работи кон Европа.

Надежите во Грција се дека привремениот мраз во разговорите и потенцијалната нова кинеска инвестиција во Грција ќе се стопат и ќе продолжат во кратко време, штом се покаже дека преговорите со меѓународните кредитори се на добар пат и грчката економија е на пат одново да се стабилизира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...