fbpx

СИРИЗА води со 3 отсто пред Нова демократија

-

Левичарската СИРИЗА и натаму е прва најпопуларна политичка партија. Според неделната анкета за весникот „Елефтерос типос“, СИРИЗА има поддршка од 30,4 отсто, наспроти Нова демократија, која има рејтинг од 27,3 отсто.

На трето место во анкетата за весникот е Комунистичката партија, со поддршка од 4,8 отсто, Река до 4,7 отсто, Златна зора има 3,8 отсто поддршка, а ПАСОК каска зад неонацистите со 3,5 отсто. Десничарите Независни Грци не изгледа дека ќе влезат во парламентот бидејќи, според анкетата, имаат ниска поддршка од 2,5 отсто. Дури 15,2 отсто изјавиле дека сè уште немаат одлучено за кого би гласале.

И натаму продолжува контрадикторноста со популарноста на Андонис Самарас пред Алексис Ципрас иако СИРИЗА е попопуларна опција. Од испитаниците 41 отсто изјавиле дека Самарас е посоодветен за премиер, наспроти 33,4 отсто, кои мислат дека Ципрас подобро би ја завршил премиерската работа.

Интересно е што според анкетата, која е спроведена пред официјалното претставување на новата партија на Јоргос Папандреу, дури 6,1 отсто од испитаниците изјавиле дека би поддржале партија на поранешниот премиер.
Мнозинство од испитаниците, односно 74 отсто, посочиле дека Грција не треба да ја напушти еврозоната, туку по секоја цена треба да го задржи еврото.

Грчките политичари веќе длабоко се навлезени во предизборна кампања, упатувајќи силни критики еден кон друг на изборните митинзи низ целата држава. Ципрас, кој најави дека програмата на СИРИЗА ќе опфаќа укинување на даноците за имот, враќање на минималната плата на 751 евро, воведување 13. пензија за пензионерите со ниски примања, истакна дека штом дојдат на власт, одново ќе преговараат за простување на грчкиот долг за државата целосно да се збогува со „тројката“ и со пакетот за штедење.

– На 25 јануари дилемета ќе биде јасна: мерки за штедење или СИРИЗА, потчинетост или преговори, штедење или напредок – изјави Ципрас.

Премиерот Самарас, со позната реторика ја критикуваше СИРИЗА за популизам, обвинувајќи го Ципрас дека сака државата да ја одведе до пропаст, банкрот и надвор од ЕУ, фрлајќи ги во вода досегашните жртви на грчкиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...