fbpx

Димас: Ако Златна зора гласа за мене ќе се откажам

-

Поддршката за Ставрос Димас од двајца поранешни членови на Златна зора покрена коментари за неонацистичка поддршка на владиниот кандидат. Истовремено се појавија и шпекулации во грчките медиуми дека неонацистичката партија можно е да направи пресврт и да гласа за Димас за да ѝ направи проблем на грчката влада.

Министерот за реформи и член на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, отфрла секакво сценарио каде владата би прифатила поддршка од Златна зора. Во емисија на телевизијата „Мега“ забележа дека доколку се забележи ваква тенденција, самите пратеници на Нова демократија ќе гласаат против Димас за тој да не биде изгласан со поддршка од Златна зора.

– Ќе има пратеници од Нова демократија кои нема да гласаат за претседател во случај да се забележи дека Златна зора гласаат „за“, вклучувајќи ме и мене. Одбивам да соучествувам во избор на претседател заедно со Златна зора. Ќе кажам дека гласам против и нема да сум единствен – истакна Мицотакис.

Самиот Димас излезе со реакција дека ни тој нема да прифати да биде изгласан од Златна зора. „Со почит кон демократските институции, но нема да дозволам да бидам избран за претседател со гласови од Златна зора“, се вели во пишаната изјава на Димас до медиумите.

Од ултра-десничарската партија ставија крај на шпекулациите за нивна поддршка на Димас преку партиско соопштение во кое велат дека со своите гласови пратениците на Златна зора ќе стават крај на владата на Самарас и Венизелос, оценувајќи ги медиумските гласини како крајно смешни.

„Златна зора ќе биде третата политичка сила во државата и ќе го добие третиот мандат да формира влада. Ова ќе биде најголемиот пораз за корумпираната власт“, се вели во соопштението на партијата. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...