fbpx

Ципрас: СИРИЗА не e демонот, не посакува распад, туку спас на еврото

-

Интензивните пишувања на германските медиуми со закани за грчко напуштање на еврозоната и со еврокатастрофа доколку победи СИРИЗА не изнудија инаку вообичаени екстремни грчки реакции, драматични анализи, коментари или, пак, навреди кон Германија и кон канцеларката Меркел.

Сепак, одговор на овие текстови со кои се јакне тезата дека лидерот на СИРИЗА ќе доведе до катастрофа во државата, дојде попладнево директно од Алексис Ципрас, преку колумна во грчкото издание за „Хафингтон пост“.

„СИРИЗА не е демонот, не е големата закана за Европа, туку гласот на логиката“, вели Ципрас на самиот почеток на текстот, посочувајќи дека граѓаните не ја гледаат партијата како закана туку како предлог за промена на постојната ситуација во државата. Како што посочува, единствени кои сè уште ја гледаат СИРИЗА како закана се конзервативната власт на Германија и дел од популистичките медиуми кои постојано сервираат затоплена порција закани за грчкиот излез од еврозоната.

„Немаат причина да се плашат ниту грчкиот, ниту европските народи. СИРИЗА не посакува распад, туку спас на еврото. Еврото не може да се спаси со неконтролиран јавен долг за неговите држави-членки“, директно одговара Ципрас на обвинувањата дека со него доаѓа и европската пропаст.

Првиот човек на најсилната грчка левичарска партија, кој многумина го споредуваат со модерен грчки Робин Худ, вели дека не сакаат да ја вратат Грција во 2009 година, туку да ги напуштат сите штетни навики и политики, клиентелизмот, даночната евазија, сивата економија, малверзациите со бензин и со тутун кои владееле досега под палка на двете водечки политички сили.
Од страна на грчкиот премиер Андонис Самарас – молк за пишувањата во германските медиуми. Не се појави никаква директна изјава. Како што оценуваат грчките аналитичари и новинари, реакцијата е сосема очекувана бидејќи сеењето страв од страна на странските медиуми, заканите за грчка пропаст сосема одат во корист на неговата предизборна кампања.

– Овие текстови се само дополнителна муниција за Самарас. Самиот Самарас потхранува клима на заплашување, грчка пропаст со Ципрас на чело. Поради тоа и не реагира на нив – велат аналитичари за „Мета“.

Големите силни наслови за грчка пропаст со СИРИЗА и за излез од еврозоната во странските медиуми не се појавуваат првпат. Нив ги имаше и во 2012 година, непосредно пред тогашните предвремени парламентарни избори, кога беше јасно дека СИРИЗА ја презема палката на политичката сцена. И тогаш, како и сега, ЕУ-функционерите застанаа на страна на Самарас, јасно против Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...