fbpx

Атина го демантира „Фајненшал тајмс“: ниту спремаме банкрот, ниту нови избори

-

Грчката влада се впушти во мисија да демантира рој објави од влијателни странски медиуми кои навестуваат дека Грција до идната недела ја очекува банкрот и потенцијални предвремени парламентарни избори поради неможноста да ги задоволи барањата на странските кредитори и можноста за постигнување договор за финансирање на државата.

Весникот „Фајненшал тајмс“ објави дека грчката влада се подготвува за банкрот во случај на неуспех на преговорите со странските кредитори. Весникот се повикува на висок функционер од грчката влада, кој, наводно, изјавил дека Грција ги има исцрпено сите можности и средства и доколку ЕУ не испрати веднаш финансиска помош, Грција сигурно ќе се соочи со банкрот.

Анализата на весникот води кон тоа дека грчката влада мора да ја ублажи својата преговарачка позиција, односно да повлече дел од спорните црвени линии бидејќи европските кредитори се веќе изморени од аматеризмот во преговарачките тактики на грчката влада. Според „Фајненшал тајмс“, грчкиот банкрот не би значел веднаш излез од еврозоната, но би бил огромен удар и за Грција и за ЕУ.

Од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас веднаш ја демантираа оваа објава, коментирајќи дека 24 април, денот за кога е закажан нов состанок на Еврогрупата за грчкиот договор, ќе биде уште еден ден кога нема да дојде крајот на светот.

„Она што ги вознемирува е дека грчката влада е одлучена да стави крај на политиката на рецесија, ставајќи го економскиот развој високо на европската агенда“, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас.

Паралелно со светските и со домашните објави дека истекува времето и дека изчезнува европското трпение за грчката влада, која до 20 април треба да достави целосна листа со реформи и да слушне на 24 дали таа листа е одобрена и во согласност со европските барања, владата во Атина се соочи и со објава од германскиот весник „Билд“ кој тврди дека поради проблемите во преговорите со кредиторите и неможноста да се постигне договор, Ципрас размислува за распишување предвремени избори, информација која, исто така, беше отфрлена од грчката влада со тврдење дека коалицијата на СИРИЗА и на Независни Грци воопшто не размислува да се откаже.

Владиниот потпарол Гаврил Сакеларидис оцени дека сите овие објави овој период се насочени кон тоа да предизвикаат атмосфера на страв и на хистерија во Грција, коментирајќи дека и медиумските објави и реакциите и обвинувањата од опозициските партии се целосно спротивни од реалноста.

– Ќе ги разочараме сите уште еднаш, но Грција не се подготвува за никаков банкрот. Преговорите продолжуваат со интензивен ритам за постигнување решение кое ќе биде од заедничка корист за сите – истакна Сакеларидис.

Според информациите во Грција, Атина и кредиторите сè уште не може да се договорат за прашања како данокот на додадена вредност, работничките права, масовните отпуштања, приватизацијата, хуманитарната помош и намалувањето на пензиите.

Оцените на грчките медиуми, кои се полни со наслови што предвидуваат договор или хаос за Грција од 24 април, се дека Грција сè уште многу бавно напредува кон договор и нејасно е зошто грчката влада толку бавно реагира на барањата и не покажува волја за откажување од црвените линии, ставајќи го народот во нова ризична и неизвесна состојба за иднината на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...