fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Улицата кај Старата противпожарна станица во Тетово е целосно уништена, жителите предлагаат решенија, општината игнорира

Иако се наоѓа среде градот, улицата зад булеварот „Илирија“, инаку позната како „Стара противпожарна станица“ во Тетово, со години е запуштена. Лошата патна инфраструктура и недостигот на паркинг места се двата главни проблема со кои жителите на населбава се соочуваат секојдневно. Бараат решение од општината, но надлежните ја занемаруваат одговорноста да се ангажираат и да најдат решение за маката...

Во Тетово бојкот на наставата откако на наставничката не ѝ бил продолжен договорот

Родителите на ученици од трето одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово ја бојкотираат наставата, бидејќи наставничката која ги учела нивните деца веќе не е вработена. Нејзиниот договор завршил само неколку дена по почетокот на новата учебна година и не бил продолжен. Родителите бараат да се врати бидејќи, како што велат, децата го бараат истото и затоа што веќе...

Автобуските постојки во Тетово немаат столчиња, граѓаните импровизираат поставувајќи мебел од дома (ВИДЕО)

Тетовските автобуси по многу пречки и одложувања сега сообраќаат низ градот, а бројот на граѓани кои ги користат се зголемува редовно. Меѓутоа, граѓаните ги чекаат автобусите на нозе, бидејќи на постојките нема столчиња, пишува Порталб.мк. На некои станици, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот мебел. Недостатокот на столчиња директно го...

Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс

На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени. Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...

ВИДЕО: Прокапа автобусот на релација Тетово-Скопје, на патниците им течеше вода на глава

По десетминутниот дожд попладнево, прокапе вода во автобусот на релација Тетово – Скопје. На патниците, како што сведочат тие, им капело вода на глава, па голем дел од нив се преместиле на предните седишта, а оние за кои немало место напред, излегле водени кога пристигнале во Скопје. https://youtu.be/X3-9N7bryQY „Капеше вода на секое седиште, сите бевме водени. Навистина е под секакво човечко...

Не се знае дали булеварот „Благоја Тоска“ ќе биде готов наесен, Општина Тетово молчи (ВИДЕО)

Толку многу ветуваниот и многу дискутиран булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, никако да се доврши и да се растовари сообраќајниот хаос. Иако беше ветено дека булеварот ќе биде готов во текот на есента, работите таму се изведуваат со слаб интензитет, тврдат граѓаните коишто ја користат оваа сообраќајница. Од општината молчат за тоа кога ќе завршат градежните работи, пишува Порталб.мк. Се...

Една година од трагичниот настан во тетовската Модуларна болница: Погледот на јавноста свртен кон судот

Осум жени и шест мажи на возраст од 29 до 78 години, пред една година го загубија животот во трагичен настан, откако избувна пожар во тетовската Модуларна болница каде што се лекуваа од ковид-19, со надеж дека еден ден ќе закрепнат и ќе се вратат кај своите семејства. Се спасија 12 други пациенти, заедно со двајца лекари и четири...

Родители и ученици бараат да се вратат наставничките во тетовско училиште на кои им истекле договорите

Родителите и дел од учениците од две паралелки во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово вчера ја бојкотираа наставата, бидејќи на нивните две претходни наставнички им истекле договорите и на нивните места дошле нови. Од Општина Тетово велат дека немаат согласност од МОН за старите финансирања, и дека се чека конституирање на општинскиот Совет, пишува Порталб.мк. Со транспаренти во рацете,...

Се одложи судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Судењето за пожарот во тетовската Модуларна ковид болница, кој се случи пред безмалку една година, требаше да почне денеска, но беше одложено поради отсуство на двајца од обвинетите, пишува „Порталб“. Првото рочиште беше одложено за 14 октомври. Отсуствуваа поранешниот економски директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми и раководителот на ковид-центарот, Бобан Вучевски. Се појави само поранешниот директор на...

Тетово со протестен марш се солидаризираше со Приштина против насилството врз жените и девојчињата (ВИДЕО)

„5 мажи, 7 часа, девојчето 11 години“, се извикуваше на протесниот марш кој тргна од плоштадот „Илирија“ до Основниот суд Тетово. Градот преку овој протест во петокот се солидаризираше со Приштина против насилството врз девојчињата и жените, а повод беше силувањето на 11-годишно девојче од страна на 5 мажи во Косово. Граѓанското општество побара сторителите да ги добијат заслужените...

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. На изборите...

Силно невреме вчера вечер предизвика поплави низ земјава, се санираат штетите

Силното невреме кое синоќа ја зафати Македонија предизвика поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино и Тетово. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплави. Најкритично е во прилепското село Лажани, каде поголем дел од селото е под вода и се врши евакуација на загрозените...

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи пред речиси една година и во кој загинаа 14 лица, е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски, објави Основен суд Тетово на веб-страната во календарот на судења. Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната болница согласно Информацискиот систем за...

Избори: Во Тетово советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ поголема од таа на СДСМ, во Маврово и Ростуше приматот за СДСМ и Медат Куртовски

Според тоа што го објави Државната изборна комисија (ДИК) за вчерашните локални избори во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, во најмалата општина од сите, нов градоначалник ќе биде Медат Куртовски од СДСМ, со 3.266 освоени гласови, односно 60,53 отсто од освоените гласови. Противкандидатот Мевмед Џафери освои 1.935 ливчиња, односно 35,85 отсто од гласовите. Излезноста изнесувала 54,2...

Избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, во Тетово за советници

Денес во општините Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се одржуваат нови избори за градоначалник бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус, а граѓаните на Тетово гласаат на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет. Гласањето започна на сите избирачки места во општините Тетово, Маврово - Ростуше и во Центар Жупа,...

Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк. Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе 12 години, се гради 8...

Сè уште не се знае дали Студентскиот дом во Тетово ќе биде готов за есенскиот семестар

Иако градежните работи се завршени, Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, бидејќи не е поставен неопходниот мебел. Ветувањата на надлежните постојано се одолговлекуваат, а не се знае дали домот ќе биде готов за претстоечкиот семестар. Во тек е постапката за набавка на мебел, пишува Порталб.мк. Иако Студентскиот дом во Тетово претставува голема потреба за студенти од надвор...

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за идната фабрика,, се очекува германската...

Порталб: Висок е бројот на труења со храна во Тетово, лекарите препорачуваат што да не се јаде

Бројот на труења со храна во текот на летово во Тетово е висок. Во ургентното одделение на тетовската болница, во тек на една смена од 12 часа, има над 100 амбулантски прегледи. За фактичката состојба, Порталб.мк разговараше со д-р Африм Алиу, а подготви и список на тоа што да се избегнува во исхраната. Во последните неколку недели е забележан значителен...

Порталб: Проблемот со кучињата скитници во општина Тетово не може целосно да биде решен годинава

Проблемот со кучињата скитници во Тетово и Тетовско годинава нема целосно да се реши. Договорот на Општина Тетово со „Амос Пет“, здружението избрано да се справува со овој проблем предвидува за 12 месеци да се третираат само 82 кучиња спасени од улица, што е околу 20 отсто од вкупниот број кучиња кои талкаат наоколу низ градот. Досега се заловени...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...