Порталб: Проблемот со кучињата скитници во општина Тетово не може целосно да биде решен годинава

-

Проблемот со кучињата скитници во Тетово и Тетовско годинава нема целосно да се реши. Договорот на Општина Тетово со „Амос Пет“, здружението избрано да се справува со овој проблем предвидува за 12 месеци да се третираат само 82 кучиња спасени од улица, што е околу 20 отсто од вкупниот број кучиња кои талкаат наоколу низ градот. Досега се заловени и се третираат 25 кучиња скитници, додека во градот има околу 500 кучиња скитници, од кои околу половина се поголеми од 40 килограми, пишува Порталб.мк.

По неколкумесечно одолговлекување, пред две недели почна со работа здружението кое се занимава со третирање на кучињата скитници во Тетово, „Амос Пет“. Според нив, договорот со Општина Тетово е постигнат преку иницијативата „Подобро за Тетово“.

Здружението соопшти дека досега успеале да заловат и третираат 25 кучиња, од кои некои имаат долг процес на рехабилитација.

Здружението објави и конкретни детали од нивниот проект, и тоа:
• 82 кучиња ќе бидат спасени од улиците, ќе бидат сместени во згрижувачки или приватни засолништа во сопственост на различни поединци и на крајот сместени во соодветни домови.
• Проектот ќе трае 12 месеци.
• За секое куче општината плаќа 15.500 МКД (без ДДВ – затоа што како здружение не подлежи на ДДВ до одреден износ) со тоа што вкупниот износ на проектот е 1.271.000 МКД.
• Со горенаведената сума се покрива ветеринарен третман (тестови за најчести смртоносни болести, анализи на крвта, вакцинации, микрочип, пасош, стерилизирање / кастрирање, третман на внатрешни (црви) и надворешни паразити (болви/крлежи)). Нешто повеќе, како на пример операција за скршеница на коска, операција која не е стерилизирање/стерилизација или доживотна состојба која бара тековен третман ќе бидат покриени од нас со помош на донации.
• Третманот и социјализацијата може да траат од 14 до 30 дена во благи случаи и години во тешки случаи.
• Сите животни (со одобрение од општината и врз основа на законот за благосостојба на животните) ќе бидат микрочипирани на наше име и со тоа ќе станат наша одговорност за целиот нивен живот или додека не бидат посвоени и отидат во постојани домови.
• Општина Тетово ќе добие детален извештај за сите 82 кучиња (за секое куче посебно) на крајот од проектот“.

„Бидејќи сме толку успешни во наоѓањето домови за толку многу различни животни, уверени сме дека секое од овие кучиња има шанса да ги доживее радостите на семејниот живот со вистинското семејство. Пред тоа да биде можно, сите тие ќе престојуваат кај згрижувачки (поединци кои привремено го нудат свој дом за овие животни) или во различни засолништа благодарение на некои избрани граѓани од Македонија, ентузијасти волонтери кои ни помогнат во успешното спроведување на овој проект“, информираа од Амос.

Воспоставена е и СОС линија на која луѓето можат да ги пријават своите проблеми со кучињата скитници, поточно граѓаните можат да ги пријават ваквите случаи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот на овој телефонски број: + 38971910855 или е-пошта: amos.tetova @gmail.com.

Од 1 јануари до 8 август, според СВР Тетово, во регионот на Тетово и околината евидентирани се 41 случај кога граѓани биле нападнати или каснати од кучиња скитници.

Во 2021 година во СВР Тетово биле пријавени 113 случаи на каснување од кучиња скитници.

Потсетуваме дека надежта беше дека ќе се изгради регионален центар за згрижување на кучињата скитници за сите општини на Полог, но во моментот тоа не успеа откако општина Брвеница одби изградба на центарот на нејзина територија.

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк...