fbpx

Избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, во Тетово за советници

-

Денес во општините Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се одржуваат нови избори за градоначалник бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус, а граѓаните на Тетово гласаат на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет.

Гласањето започна на сите избирачки места во општините Тетово, Маврово – Ростуше и во Центар Жупа, информира портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска. Таа соопшти дека до 9 часот утрово поднесени биле вкупно пет приговори за заштита на лично избирачко право, од кои четири во Центар Жупа и еден во Тетово. „Сите приговори се прифатени“, рече портпаролката.

Гугучевска информира дека изборите ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и од една странска организација.

Ппретседателот на ДИК и членови на комисијата се наоѓаат во Тетово и тие со првични согледувања ќе се произнесат по 11.30 часот.

Во Тетово се гласа за избор на нов општински совет откако пролетоска беше распуштен Советот бидејќи не беше изгласана завршната сметка на Општината.

Во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се гласа на повторени избори за избор на градоначалник, бидејќи претходно немаше доволна излезност од барем една третина од запишаните избирачи.

Во Маврово Ростуше се гласа за двајца кандидати, додека во Центар Жуп само за еден кандидат. Втор круг нема да има во двете општини имајќи предвид дека се пријавени само еден, односно двајца кандидати за градоначалници.

Право на глас во трите општини имаат вкупно 101.174 гласачи. Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948.

Во трите општини ќе се гласа на 172 избирачки места. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...