fbpx

Една година од трагичниот настан во тетовската Модуларна болница: Погледот на јавноста свртен кон судот

-

Осум жени и шест мажи на возраст од 29 до 78 години, пред една година го загубија животот во трагичен настан, откако избувна пожар во тетовската Модуларна болница каде што се лекуваа од ковид-19, со надеж дека еден ден ќе закрепнат и ќе се вратат кај своите семејства. Се спасија 12 други пациенти, заедно со двајца лекари и четири медицински сестри. За инцидентот обвинети се три лица, двајца директори и еден лекар. Јавноста чека да ги дознае деталите за тоа што се случило за потоа болницата да изгоре, пишува Порталб.мк.

Кобна ноќ

Во моментите кога привршуваше централната манифестација на 30 годишнината од независноста на Северна Македонија, пред зградата на Собранието, земјата ја потресе еден од најтрагичните настани. „Пожар во Модуларната болница“, беа насловите во сите медиуми во земјава, чии новинари известуваа за државниот празник, што ќе биде завиен со мантил на национална жалост.

На терен биле само возилата на итната медицинска помош и пожарникарите за справување со големиот пожар, кој, според сведоштвата на преживеаните, за само неколку минути целосно го претворил објектот во пепел. На местото на настанот излегоа и шефот на државата, премиерот, министерот, тогашната градоначалничка на Општина Тетово, функционери и раководители на институции.

На терен подоцна пристигнаа и петмина обвинители ангажирани да ги истражат причините за пожарот.

Трагична глетка, малку информации, загрижени семејства и граѓани. Никој не можеше да каже нешто за билансот на големиот пожар. Се зборуваше за жртви, за имиња, но институциите не соопштуваа детали. Преку социјалните мрежи, а во медиумите се проширија многу шпекулации за бројот на жртвите.

Следниот ден државните органи соопштија дека во РСМ ќе дојдат и германски експерти за да помогнат во истрагата за катастрофата. Министерот за здравство, Венко Филипче околу 3 часа по настанот на Твитер објави дека има 10 жртви, но и дека е можно тој број да се зголеми. Обвинителството потврди следното утро дека вкупниот број на жртви е 14 или 12 пациенти и 2 члена од семејствата на пациентите кои биле во болницата за да им помогнат.

(Не)одговорноста на функционерите и институциите

Граѓаните како и опозициските партии веднаш побараа оставка од премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, но и директорите на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми, па и целата Влада.

„Дозволете ми да кажам дека ниту сум бегал од одговорност ниту ќе бегам, туку ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата. Затоа што и во овој период е потребно раководење“, изјави Филипче на прес-конференцијата на 9 септември, во врска со барањето за негова оставка, ветувајќи дека по завршување на истрагата ќе поднесе оставка.

Оставки први дадоа директорите, a министерот за здравство и неговиот заменик продолжија да инсистираат дека не се одговорни за тоа што се случило и затоа ќе ja чекаат истрага на Обвинителството. Меѓутоа, по притисокот од јавноста, министерот Филипче и неговиот заменик Хасани, два дена по настанот поднесоа оставки.

Истиот ден во Тетово се одржа марш во чест на жртвите. Граѓаните на плоштадот „Илириа“ засадија 14 дрвја за 14 лица кои ги загубија животите како последица од пожарот. Дрвјата и денеска се на плоштадот, но нема информативна табла дека тие се засадени во чест на настраданите.

На 17 октомври протест имаше и во Тетово за да се бара одговорност и правда во врска со пожарот во Модуларната болница. Демонстрантите го започнаа маршот од плоштадот „Илирија“, продолжија кон општина Тетово каде одржаа говор и потоа дел од граѓаните фрлаа со јајца кон зградата, а потоа се упатија кон седиштето на ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...