fbpx

Избори: Во Тетово советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ поголема од таа на СДСМ, во Маврово и Ростуше приматот за СДСМ и Медат Куртовски

-

Според тоа што го објави Државната изборна комисија (ДИК) за вчерашните локални избори во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, во најмалата општина од сите, нов градоначалник ќе биде Медат Куртовски од СДСМ, со 3.266 освоени гласови, односно 60,53 отсто од освоените гласови. Противкандидатот Мевмед Џафери освои 1.935 ливчиња, односно 35,85 отсто од гласовите. Излезноста изнесувала 54,2 отсто.

Во трката за нов Совет на општина Тетово, најуспешни се БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ, од македонскиот политички блок.

Со 9.6O20 освоени гласови, БЕСА добива 12 советнички мандати, ДУИИ, со 8.702 гласови добива 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 4 мандати со 3.352 отсто од гласовите, СДСМ освои 2 советника со 1.953 гласови. Преостанатото место во Советот на општина Тетово во ќе припадне на Алтернатива, која освои 1.118 гласови и еден советник.

Во Центар Жупа градоначалничкото место ќе припадне на единствениот кандидат за градоначалник – Аријан Ибраими од ДПТМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...