fbpx

Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

-

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк.

Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе 12 години, се гради 8 години и според прогнозите, за кои сè уште не се знае дали ќе се реализираат, со оглед на фактот дека често има доцнења во работата, таа би била завршена по 4 години.

Доколку навистина се реализира како што се вели, во тој случај овој објект од круцијална важност за тетовската култура, ќе ги отвори вратите дури 16 години по даденото ветување.

Уметниците и љубителите на уметноста, изразувајќи длабоко разочарување, за Порталб.мк коментираат „и вселенски брод да се градеше, ќе се завршеше побрзо од овој објект“.

Директорот на Центарот за култура во Тетово, Арлинд Хусеини, за Порталб.мк, изјави дека работите се одвиваат според предвидената динамика.

„Се надеваме дека целиот процес на завршување на втората фаза и останатите работи од првата фаза ќе бидат завршени согласно предвидените рокови со договорот за изградба на театарот и библиотеката во Тетово – конкретно во декември 2025 година. Во втората фаза досега, конкретно, се изведуваат работи поврзани со ентериерот, електричната инсталација, канализација, инсталирање на лифтот, како и многу работи кои се предвидени со Договорот“, рече Хусеини.

Објектот е голема потреба, како за актерите кои настапуваат во Центарот на културата и затоа се ограничени, така и за библиотеката, која сега е во многу мал простор.

Директорот на тетовскиот театар, Беким Смаили, за Порталб.мк нагласи дека ним како институција им било кажано дека нивниот објект ќе биде подготвен за работа на крајот на 2024 или на почетокот на 2025 година.

„Дај Боже, Министерството за култура во следните неколку години до завршување на зградата да одвои доволно средства за да продолжи работата без прекин“, рече Смаили.

Од Министерството за култура, пак, за Порталб.мк велат дека работите се очекува да завршат една година подоцна, поточно во 2026 година.

„Изградбата на новата зграда за театарот и библиотеката во Тетово е повеќегодишен проект, кој се одвива во две фази. Првата фаза од изградбата – карабина – е целосно завршена, а втората фаза од градежните работи е во тек. Избраната компанија интензивно работи во моментов на градежно-занаетчиските работи на објектот. Според плановите, проектот за изградба на театарот и библиотеката во Тетово треба да биде завршен до крајот на 2026 година“, соопштија од Министерството за култура.

Работите од втората фаза, поточно за внатрешното опремување на тетовскиот театар и библиотека, ги изведуваат „НБ Компани“ од Тетово и „Пелагонија“ од Гостивар, со кои договорот за почеток на работите беше свечено означен во октомври минатата година. За тоа Владата одвои уште 23 милиони евра.

Цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, а со внатрешното опремување, цената достигна 40 милиони евра.

Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветен од 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска го презентираше идејното решение за изгледот на мултифункционалниот театар кој треба да понуди театар, кино и библиотека.

Со изградбата на овој центар ќе се реши просторниот проблем за повеќе институции, како театарот, библиотеката, културниот центар и други, кои веќе неколку години функционираат на едно место.

Автор: Фисник Џелили

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...