fbpx

Порталб: Висок е бројот на труења со храна во Тетово, лекарите препорачуваат што да не се јаде

-

Бројот на труења со храна во текот на летово во Тетово е висок. Во ургентното одделение на тетовската болница, во тек на една смена од 12 часа, има над 100 амбулантски прегледи. За фактичката состојба, Порталб.мк разговараше со д-р Африм Алиу, а подготви и список на тоа што да се избегнува во исхраната.

Во последните неколку недели е забележан значителен пораст на бројот на пациенти кои бараат помош во тетовска служба на Итната помош поради храната што ја изеле, од што имаат компликации, а во исто време зголемен е бројот на теренски интервенции од екипите за итна помош.

Доктор Африм Алиу за Порталб.мк вели дека во Ургентниот центар доаѓаат секакви случаи за кои е потребна лекарска помош, при што, истакнува тој, во последните недели значително е зголемен бројот на случаи со вирусни инфекции како гастроентеритис, дехидрација, труење со храна и други.

„Во текот на една смена од 12 часа (пример: од 19 до 7 часот) во одделението имаме приближно над 100 амбулантски контроли и над 10 теренски интервенции. Меѓу најчестите причини кои носат акутно труење со храна се главно зголемените температури, тоа што храната не се одржува во соодветни температури и употребата на сосови“, рече Алиу.

Според него, најлесните случаи треба да се третираат во домашни услови, додека кога има компликации или кога пациентот губи голема количина течности треба да се јават кај матичниот лекар. Истовремено апелира за внимателност за храната која се консумира во текот на летото.

„Како доктори апелираме до сите граѓани да бидат повнимателни и попребирливи со количината и квалитетот на храната што ја консумираат, да консумираат што повеќе течност, да не користат сосови на високи температури и доколку забележат симптоми на труење, да побараат соодветна лекарска помош за да не дојде до компликација на ситуацијата“, апелираше Алиу.

Што да (не) јадете во текот на летото?
Според Јадете го ова (Eat This), некои од продуктите или јадењата што треба да се избегнуваат или да внимавате околу количеството што се користи, и кои може да бидат штетни за желудникот, носат висок ризик од труење, кои поттикнуваат надуеност и го нарушуваат варењето, се производите што содржат маснотии, натриум и шеќер: пица, салати со мајонез, палачинки, лути јадења, пилешки крилца, чоколадо, милкшејкови, брза храна, солени грицки, кафе, слатки чаеви, газирани пијалаци, сладолед, месо и риба чувани на високи температури, пиво, сирење.

Престојот надвор и изложувањето на сонце и потењето од високите температури може да доведе до ризик од дехидрација и недостаток на витамини. За да се избегне ова, според Гуднет некои од продуктите кои треба да ги консумираме во текот на летниот период се: локално овошје и зеленчук, лубеница, домати, зелен чај, дињи, капини, боровинки, малини, јогурти, зелени салати, ладно кафе, праски, нектарини, кајсии, пченка, портокали, лимони, авокадо и др.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...