fbpx

Во Тетово бојкот на наставата откако на наставничката не ѝ бил продолжен договорот

-

Родителите на ученици од трето одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово ја бојкотираат наставата, бидејќи наставничката која ги учела нивните деца веќе не е вработена. Нејзиниот договор завршил само неколку дена по почетокот на новата учебна година и не бил продолжен. Родителите бараат да се врати бидејќи, како што велат, децата го бараат истото и затоа што веќе се навикнати на неа. Надлежните не преземаат одговорност, пишува Порталб.мк.

Родителите не ги праќаат учениците на училиште, ја бојкотираат наставата додека не се врати истата наставничка, и велат политиката треба да ги држи рацете што подалеку од образованието и да не се мешаат во изборот на образовниот кадар.

Бурхан Алити од Советот на родители рече дека нивната постапка нема воопшто политичка заднина и дека е само одговорност кон нивните деца.

„Децата не треба да бидат жртви на политичкиот систем овде. Ја сакаме учителката која беше со децата од второ одделение, сакаме истата да продолжи. Немаме никаков личен интерес, едноставно во договор со сите други родители дојдовме за истата учителка, Емине Лума – Османи да продолжи со децата. Политичката позадина не нè интересира. Советот на родители одлучил така, а и учениците имаат барање да биде истата, бидејќи се прилагодиле на неа. Немаме ништо против новата учителка“, рече Алити.

Анита Азири, исто така родителка, рече и дека решение побарале и од управата на училиштето, но засега нема ништо конкретно.

„Проблем е затоа што не сакаме да се мешаме во политички работи. Кога станува збор за ова, топката се префрлува, те не сме виновни, не вие ​​не сте виновни. Така сме заглавени, никој не нè поддржа да ја вратиме таа што ја сакаме. Ова се одрази на децата и психички но и воспитно“, рече Азири.

Директорката на ова училиште Рената Бишковска -Бојаровска не се согласи да даде изјава за новинарите, ниту пак прифати консултации без камера. Преку обезбедувањето на училиштето ги извести новинарите да одат во Секторот за образование во Општината.

Раководителот на секторот за образование во општината нè извести дека поради здравствени причини не е на работа.

Но, повикувајќи се на истите случаи од минатата недела, општината ја префрли одговорноста на директорите на училиштата.

Од друга страна, од Државниот просветен инспекторат, за Порталб.мк, информираат дека уште се разгледуваат доказите собрани од увидот што минатата недела беше извршен во неколку училишта, но ништо конкретно засега.

Ова не е единствен случај во овој град. На повеќе од 20 наставници во основните училишта, во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за работа и не им биле обновени. Бојкоти имаше и во други училишта.

Наставниците кои останаа без работа се сменети со наставници кои, како што велат од општината, ќе бидат на привремена позиција, односно до завршување на бирократските постапки на новиот конкурс, кој се очекува да биде објавен наскоро, откако од Министерството за образование и наука е дадена согласност.

На конкурсот на истото работно место ќе може да се пријават оние на кои им истекол договорот.

Автор: Фисник Џелили

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...