fbpx

Обвинителството го истражува силувањето на малолетничка во прилепско, осомничениот во притвор

-

Основното јавно обвинителство во Прилеп почна истрага против едно лице на возраст од 21 година, кое се сомничи дека пред два дена силувал малолетничка. На осомничениот во следните 30 дена му е определен притвор, по предлог на надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп

Според известувањето од Обвинителството, момчето се сомничи дека сторило кривично дело силување, од член 186 од Кривичниот законик. Тој, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче.

„Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало“, стои во соопштението од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...