fbpx

Улицата кај Старата противпожарна станица во Тетово е целосно уништена, жителите предлагаат решенија, општината игнорира

-

Иако се наоѓа среде градот, улицата зад булеварот „Илирија“, инаку позната како „Стара противпожарна станица“ во Тетово, со години е запуштена. Лошата патна инфраструктура и недостигот на паркинг места се двата главни проблема со кои жителите на населбава се соочуваат секојдневно. Бараат решение од општината, но надлежните ја занемаруваат одговорноста да се ангажираат и да најдат решение за маката на овие жители, пишува Порталб.мк.

Жителите велат дека во секој изборен циклус добиваат ветувања дека состојбата со улицата и паркингот во нивната населба ќе се среди. Велат дека истото го ветил и актуелниот градоначалник, но не се надеваат многу, бидејќи до сега не е направено ништо конкретно.

„Улицата е раскопана и со дупки, а кога врне се претвора во поток. Покрај ова, нема паркинг места за жителите на становите, бидејќи не само што не се воопшто обележани, туку тука доаѓаат и се паркираат возила од цел град, при што настанува општ хаос, и затоа безбедноста на пешаците, особено на децата, многу често е загрозена“, објаснува еден жител на населбата.

„Со години се соочуваме со овие проблеми, и како што можете да видите и вие, владее хаос со возилата а улицата е катастрофа. Тие што ги гласаме нè забораваат веднаш штом ќе завршат изборите, а ние бараме решение“, рече друг жител.

„Кај нас владее хаос. Нема паркинзи, улицата е тесна, со искршени бекатонки и со дупки. Не дај Боже да се случи некоја незгода и да има потреба за интервенција на итната помош, особено за време на викендите навечер, катастрофа е, затоа што патот е блокиран од автомобили кои ги паркираат гости од локалите во близина. Или пак да има пожар, пожарникарските коли не би можеле да влезат“, вели друг жител.

Имаат и конкретни предлози до надлежните бидејќи, според жителите, општинските служби често го претставуваат проблемот како нерешлив, а тие сметаат дека потребна само волја и работа. Решението би изгледало вака, велат тие:
• „Да се информираат и предупредат жителите на населбата дека извесен временски период, неопходен за поправка и асфалтирање на улицата, ќе се стопира целосно сообраќајот, и тоа да се спроведе;
• Коловозот да се реставрира и да се обележат местата за паркирање;
• Да се ​​определи паркинг простор само за жителите на населбата (ништо ново ни комплицирано –  така се уредени паркинзите и во Скопје)
• Градските служби („пајаците“) ќе внимаваат да не се паркираат други возила, и на тој начин ќе се воспостави ред, а и ќе се зголеми безбедноста“.

Но, од Општина Тетово, иако е одговорна за овие работи, не најдоа за сходно да одговорат на новинарските прашања за проблемите на овие жители и дали истакнатите проблеми се на списокот на тоа што треба да се реши.

Инаку, општина Тетово за Порталб.мк во јули најави дека токму во оваа улица, позади киоскот за хамбургери „Тајо“ било предвидено зонско паркирање, но тогаш рекоа дека чекаат инспекторатот да ги отстрани пречките, сепак засега нема ништо конкретно.

Автор: Фисник Џелили

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...