fbpx

Родители и ученици бараат да се вратат наставничките во тетовско училиште на кои им истекле договорите

-

Родителите и дел од учениците од две паралелки во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово вчера ја бојкотираа наставата, бидејќи на нивните две претходни наставнички им истекле договорите и на нивните места дошле нови. Од Општина Тетово велат дека немаат согласност од МОН за старите финансирања, и дека се чека конституирање на општинскиот Совет, пишува Порталб.мк.

Со транспаренти во рацете, учениците вчера се собраа пред училиштето и побараа да им се вратат двете стари учителки, Албина и Арјета.

„Секоја година ги менуваме наставничките, таман ќе навикнеме со една, повторно ни ја менуваат“, изјави еден ученик.

Родителите велат дека децата се соочуваат со директни последици од дневните политики, кои им предизвикуваат дури и психолошки проблеми.

„Ќерка ми беше кај учителката Албина, но неа ја отпуштиле од работа. Девојчето плачеше цела ноќ, а таа е прво одделение. Зошто ја отпуштиле? Децата навикнаа со неа. Не ни дадоа никаква образложение. Не си играјте со децата, бидејќи тие се мали и се трауматизираат“, вели еден родител.

Директорката на училиштето Сузана Каба вели дека всушност родителите ги трауматизираат децата и дека на двете наставнички им истекле договорите.

„Има институции каде што може да се решат овие работи, училишниот двор не е за овие работи. За тоа може да се обратите во други институции. Ние потпишуваме договори за вработување со сите наставници. На 31 август, нивните договори истекоа. Денеска не можеме да зборуваме за ништо повеќе бидејќи ги имате трауматизирано децата. Не е отпуштена од работа, ѝ истече договорот“, изјави Каба.

Назми Даути од Секторот за образование при Општина Тетово вели дека  градоначалникот само дава согласност за продолжување на работниот однос за учебната 2022/23 година, и според нив, тоа е затоа што општината нема согласност за финансирање од Министерството за образование и наука.

„Мора да го земеме предвид фактот дека до конституирање на Советот не може да се објават конкурси за нови вработувања. Во моментот кога ќе дојдат согласностите за старото финансирање од МОН, овие работни места ќе бидат објавени на конкурс и секој има право да аплицира. Директорот е органот што одлучува за вработување на воспитно – образовниот и не-oбразовниот кадар. Исто така, законот за директори им дозволува да вршат и распределба на часовите во институцијата. Единствено што може да направат општината и градоначалникот е да дадат согласност до три месеци. Градоначалникот е должен да даде согласност на училиштата само за замена за три месеци до моментот на објавување на конкурсите“, појасни Даути.

Министерството за образование и наука пак порачадека учениците и наставниците не треба да бидат жртви на политички игри и интриги, напротив нивните интереси треба да бидат во фокусот на работата на локалната самоуправа.

„Министерството за образование и наука реагира на одлуките на градоначалникот на општина Тетово за необновување на договорите на дел од наставниците од училиштата од оваа општина, поради како што беше соопштено политичка неподобност, со што се нарушува континуитетот на образовниот процес, од една страна се нанесува штета на знаењето на учениците, а од друга страна се деградира наставничката професија, се девалвира професионалноста и посветеноста на воспитно – образовните работници“, велат од МОН.

Ваквата смена на наставниците според „Подобро за Тетово“ докажува дека нема промена во начинот на раководење во општината.

„Методата е истата, само ликовите се различни. Политичките партии продолжуваат да ги користат договорите како главно средство за исполнување на предизборните ветувања во замена за гласови, додека учениците и образовниот процес страдаат. „Подобро за Тетово“, побара вработувањата во општинските училишта да се прават по заслуга и биографија, а не партиски. Советот на општината треба да создаде посебно тело кое транспарентно ќе избира кандидати за наставници и директори во основните и средните училишта во Тетово“, рекоа од „Подобро за Тетово“.

Деновиве во Тетово десетици наставници и професори кои беа со договори, се отстранети од работните места.

Пишува: Фисник Џелили

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...