Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Студентски дом „Гоце Делчев“, Скопје / фото: Мета.мк

Објавени се списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Кратко по објавата на списоците, веб-страницата на МОН стана недостапна.

Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:

Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Потпишувањето на договорите и вселувањето почнуваат во петок, а договорите можат да се потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Приговорите во однос на резултатите, пак, се доставуваат преку електронската адреса [email protected] во рок од 5 дена од денот на објавата на резултатите, односно до 12 септември.

Вчера започна и аплицирањето за сместување во државните студентски домови за студентите од прва година на студии и истото ќе трае до 16 септември. За бруцошите се предвидени 1.165 места во студентските домови. Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на овој линк.

Студентите кои ги исполнуваат условите за сместување во дом треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на  „е-услуги“ на МОН.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 15 ноември.

Најмногу студенти годинава ќе се сместат во студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје, вкупно 1.186. Од студентските домови во главниот град, оваа академска година, поради реновирање, нема да работат домовите “Кузман Јосифовски-Питу” и две згради во “Стив Наумов”.