fbpx

Силно невреме вчера вечер предизвика поплави низ земјава, се санираат штетите

-

Силното невреме кое синоќа ја зафати Македонија предизвика поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино и Тетово.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплави. Најкритично е во прилепското село Лажани, каде поголем дел од селото е под вода и се врши евакуација на загрозените жители со помош на трактори, багери и пожарникарско возило.

Поголем дел од општина Долнени е без електрична енергија, но според ЦУК, нема дефект туку струјата е исклучена превентивно за да се заштитат луѓето и мрежата.

Во штипскиот регион по обилниот дожд пријавени се 40 поплавени куќи и деловни објекти во Виница, од кои пожарникарни екипи од Кочани и Виница заедно со доброволци ја испумпуваат водата. Се пријавуваат и материјални штети кои ќе бидат предмет на понатамошна обработка.

На подрачјето на општина Тетово по обилните врнежи исто така има поплавени подруми, гаражи и куќи, а се излеала и канализација од неколку шахти. Противпожарни екипи од Тетово интервенирале на патот кон село Фалише кај надвозникот и патот бил во целосен прекин за движење.

Исто така, патот што води од стадионот до Касарна синоќа бил поплавен и во целосен прекин за движење. Поплавени беа и улиците: улица 141, улица Фуштанска, улица Илинденска, улица 114, улица Мирче Ацев и улица 121. Кризниот штаб е активен, а ЈКП Тетово и Општина Тетово се на терен со 2 багери и интервенирале на каналот што поминува низ селото Мала Речица. Евакуирани се 10 жители од поплавени куќи во населеното Место викано Горна Чаршија.

Градоначалникот на Тетово, како што соопшти ЦУК, доставил барање до ДЗС за помош и при испумпување вода од куќи и подруми. Во село Џерма е уништена една куќа, а некои автомобили се блокирани.

Според последните информации од ЈКП Тетово, патот што води кон градот е прооден. Во расчистување на истиот се работелo во текот на цела ноќ и сообраќајот во моментот се одвива непречено.

До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани лица од синоќешните поплави во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...