четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: евакуирани | 11 резултати

Демонтирана бомба од Втората светска војна во Солун, евакуирани 75.000 лица

февруари 12, 2017

Властите во Солун денеска евакуирале 75.000 жители на градот поради демонтирање на бомба од Втората светската војна, тешка 227 килограми, пронајдена во темелите на бензинска пумпа, јавуваат грчките медиуми. Евакуацијата почнала утрово во 7 часот, кога полицијата тргнала од куќа до куќа, во круг од два километри во западниот кварт Корделио, повикувајќи ги жителите да […]

Десетици илјади жители на Хаифа евакуирани поради голем пожар

ноември 24, 2016

Десетици илјади лица се евакуирани од своите домови поради големиот пожар кој веќе трет ден беснее во делови од израелскиот град Хаифа, јавуваат светските медиуми. Поголемо разгорување на огнот, кој беснее во станбениот дел на градот со 250.000 жители, предизвикал и топлиот и сув ветер, а пожари им се закануваат и на населбите во близина […]

Над 80 илјади лица евакуирани поради огнената стихија во Калифорнија

август 17, 2016

Стотици пожарникари се борат со шумскиот пожар кој го зафати јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Поради огнената стихија, која досега опустошила површина од 12.140 хектари, евакуирани се над 80.000 луѓе, јавуваат светските агенции. Пожарот, кој избувнал вчера утро северно од градот Сан Бернардино, во подрачјето на планинскиот премин Кахон, досега уништил голем број […]

Поплави во Кина, загинаа 22 лица

јуни 20, 2016

Дваесет и две лица загинаа, а 197.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради поплавите предизвикани од силните летни дождови во централниот дел на Кина. Дваесетина луѓе сè уште се водат како исчезнати. Директната економска штета од поплавите достигна речиси 410 милиони долари, соопшти министерството за цивилни прашања. Осум луѓе се заглавени во поплавен рудник на јаглен во […]

Три лица се полесно повредени при експлозија на бомба во Турција

април 10, 2016

Три лица се полесно повредени, откако во саботата во близина на автобуска постојка експлодирала бомба. Експлозивната направа била ставена во најлонско ќесе на автобуска во центарот на градот. Посетителите од блискиот трговски центар се евакуирани, а областа на експлозијата е блокирана и ја надлетуваат хеликоптери. Само неколку часа пред експлозијата, амбасадата на САД во Турција издаде […]

Полициска операција во квартот Етербек во Брисел

април 9, 2016

Голема полициска акција се одвива во бриселскиот кварт Етербек, јавуваат белгиските медиуми. Според очевидците, во квартот се распоредени околу 50 полицајци, меѓу кои има и припадници на единицата за деминирање и снајперисти. Жителите во квартот се евакуирани, а на местото пристигнале и спасувачки служби.

Тајфунот Копу ги погоди Филипините, евакурани повеќе од 10.000 луѓе

октомври 18, 2015

Силниот тајфун Копу рано утрово го погоди североисточениот дел на Филипините, уривајќи голем број куќи, поради што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти филипинската агенција за вонредни ситуации, јавуваат светските агенции. Тајфунот Копу, кој е од четврта категорија и кој се движи многу бавно, донел ветрови со брзина од околу 200 километри на час и силен […]

Страна 1 од 1