fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Средствата од ДХВ се за финансирање на редовните расходи од буџетот

„Уште во 2003 година, тогашниот министер за финансии има донесено стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, во која се вели дека државните хартии од вредност (ДХВ) ќе ѝ помагаат на Владата за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит, и истовремено за...

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти. Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на опозицијата и на граѓанските организации по што се формираше „Кампот на слободата“ и масовниот собир...

Груевски: Македонија ќе се врати на патот на ЕУ и на НАТО

„Народот застанува против виткањето „кичми“, против сценаријата за дестабилизација, против уривањето на мирот и на соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за медиумски слободи

СДСМ нема кредибилитет да зборува за медиумски слободи и за закани кон новинари, кога токму тие се организатори на хајки кон медиумски куќи и новинари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија. Од владејачката партија наведуваат дека „за време на насилните протести организирани од СДСМ и од Сорос беа каменувани и оштетени просториите на „Радио Слободна Македонија“, а беше...

Ахмети ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да постигнат компромис

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад. На средбата, како што соопштија од партијата, се разговарало за политичката криза во Македонија и за алтернативите за излез од неа. Ахмети го запознал норвешкиот амбасадор со интензивните напори на ДУИ во последниве денови за постигнување компромис меѓу двете страни во...

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта, обвинуваат од СДСМ. „Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов - да биде партиски независен....

Одложена лидерската средба во Виена

Лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена, дознава „Мета“ од дипломатски извори. Засега нема официјална потврда од Брисел за одложување на средбата ниту, пак, има информации кога би можело да се одржи средбата која има цел да го спаси...

СДСМ го обвини Груевски дека ги уништи земјоделците

Пласманот на земјоделските производи цели 10 години е најболниот проблем на земјоделците, а криминалната влада на Никола Груевски не покажа никаков интерес да помогне, реагира опозицискиот СДСМ, по најавата за нови владини мерки за земјоделството. „Оставени сами, препуштени на уцените на трговците, десет години земјоделците напразно молат државата да им помогне. Со години имаат неплатено грозје, пиперки, ориз, праски, домати...

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Виена, СДСМ ќе се консултира со партиите и со невладините организации

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што в петок во Виена го планира меѓународната заедница. Од  партијата потврдуваат дека ја добиле поканата што тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, ја упатиле до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и на...

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест. Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран од полициски кордон. Демонстрантите освен скандирањата пееја: „Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в...

ВМРО-ДПМНЕ бара од Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција

Во писмото што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ му го испрати на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се бара тој да ја преиспита одлуката за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 април и да ја разгледа можноста за нејзино повлекување. „Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес почнат со политичкиот договор од 2 јуни,...

„Волстрит џурнал“: Можна е забрана за влез во ЕУ на функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради одлуката на Иванов

Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит џурнал“. „Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија. „Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од овие причини, ние денеска ќе предложиме...

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон. На местото сè уште се присутни полициските специјалци. Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде...

Тензично на протестите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Тензична е атмосферата на протестот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку стотици демонстранти, кои пред еден час пристигнаа пред Владата, повторно се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските активисти кои таму беа собрани, гласно негодуваа кога им се приклучија лидерот СДСМ Зоран Заев и партиското раководство. Во еден момент толпата извикувајќи „Спуштете ги штитовите“ и „Полициска држава“, се обиде...

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи пред вилата на претседателот Иванов на Водно, но патот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е затворен,...

ВМРО-ДПМНЕ: Фрапирани сме од одлуката на Иванов

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на преседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. „Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се...

ВМРО-ДПМНЕ за „Фридом хаус“: Провидно сценарио на СДСМ и на Соросовите инсталации

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денеска објавениот извештај на „Фридом хаус“. Од владејачката партија велат дека „како што се ближат изборите, очајот на СДСМ станува сè поочигледен“. „СДСМ ниту има понуда, ниту има програма ниту, пак, конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа, единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации. Тоа покажува колку СДСМ го потценува...

Техничкиот премиер и лидерите на партиите 40 минути го чекаа Груевски на средба

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да почне средбата што беше најавена за 12 часот во Порта „Македонија“. На средбата присуствуваат и претседателот на...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...