fbpx

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

-

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон.

На местото сè уште се присутни полициските специјалци.

Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде до туркање меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите сакаа да стигнат до зградата на владејачката партија, но силниот полициски кордон ги одврати од намерата.

Протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство за граѓаните да искажат поддршка за работата на оваа институција, по што демонстрантите продолжија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Тие потоа се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, па кон Владата за, на крај, повторно да се вратат пред седиштето на владејачката партија каде го завршија протестот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...