fbpx

Паралелен протест во близина на седиштето на СДСМ

-

Неколку стотици граѓани вечерва мирно се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ „за да го изразат своето незадоволство од политиката што ја води опозициската партија“, која според нив, ја втурнува државата во политичка криза.

Полициски кордон е поставен на влезот на улицата која води кон штабот на СДСМ поради што демонстрантите се собираат на главната улица која е веднаш до зградата во која што живее поранешниот премиер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За време на овој собир не се извикуваат никакви пароли, освен што во заднина се слуша аларм за тревога којшто го пуштаат демострантите.

Полицијата целосно ја блокираше улицата што води кон населбата Црниче.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...