fbpx

Тензично на протестите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

-

Тензична е атмосферата на протестот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку стотици демонстранти, кои пред еден час пристигнаа пред Владата, повторно се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските активисти кои таму беа собрани, гласно негодуваа кога им се приклучија лидерот СДСМ Зоран Заев и партиското раководство.

Во еден момент толпата извикувајќи „Спуштете ги штитовите“ и „Полициска држава“, се обиде но не успеа да го пробие полицискиот кордон околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Демонстрантите, предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и од партиското раководство, претходно ги исполнија двете коловозни ленти пред Владата и го блокираа булеварот. Протестот се одвише мирно, без полициско присуство. На моменти, некој од демонстрантите со јајца ја гаѓаше владината зграда.

Стотици граѓани денеска излегоа на улиците да го изразат своето незадоволството од денешната одлука на претседателот Иванов за амнестија и за аболиција на политичари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...