Брисел: Партиите да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино

-

Денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре судските процеси против политичарите ја става под знак прашање посветеноста на Македонија кон промовирањето на владеењето на правото, порача вечерва Европската комисија.

„Поранешната југословенска република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против незаконитоста. Наспроти тоа, денешната одлука на претседателот Иванов да помилува неколку политичари предизвикува сериозна загриженост. Тоа доаѓа во време кога сите партии треба да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино. Ги повикуваме сите страни да избегнат интервенции кои можат да ги поткопаат долгодишните напори на земјата и со помош на меѓународната заедница да го зајакнат владеењето на правото – соопшти портпаролот на Европската комисија.

Од Брисел порачуваат дека неопходно е да се поддржи и да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство, како и да се работи на подготовки за веродостојни избори.

– Важно е да се поддржи работата на Специјалната обвинителка и на нејзиниот тим, кои беа поставени од Собранието како дел од Договорот од Пржино и да продолжи истрагата за сериозните проблеми кои беа разоткриени минатата година. Еднакво важно е да се подготват веродостојни избори и да се одржи земјата на евроатланскиот пат. Затоа неопходно е сите партии да се вратат на дијалогот и да најдат заеднични договор кој ќе биде во интерес на граѓаните – вели портпаролот на Европската комисија.

Претседателот Иванов денеска во обраќањето до нацијата рече дека политичката криза во Македонија е увезена од надвор и оти неговата одлука за аболирање и за амнестирање треба да стави крај на кризата, која не се реши со Договорот од Пржино.

Уште 5.000 војници се ангажирани за справување со последиците од поплавите во Шпанија

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, нареди најголемо воено распоредување во земјата досега, најавувајќи дека ќе бидат ангажирани уште 5.000 војници за да помогнат во справувањето со последиците од разорните...