fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон. На местото сè уште се присутни полициските специјалци. Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде...

Тензично на протестите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Тензична е атмосферата на протестот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку стотици демонстранти, кои пред еден час пристигнаа пред Владата, повторно се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските активисти кои таму беа собрани, гласно негодуваа кога им се приклучија лидерот СДСМ Зоран Заев и партиското раководство. Во еден момент толпата извикувајќи „Спуштете ги штитовите“ и „Полициска држава“, се обиде...

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи пред вилата на претседателот Иванов на Водно, но патот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е затворен,...

ВМРО-ДПМНЕ: Фрапирани сме од одлуката на Иванов

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на преседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. „Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се...

ВМРО-ДПМНЕ за „Фридом хаус“: Провидно сценарио на СДСМ и на Соросовите инсталации

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денеска објавениот извештај на „Фридом хаус“. Од владејачката партија велат дека „како што се ближат изборите, очајот на СДСМ станува сè поочигледен“. „СДСМ ниту има понуда, ниту има програма ниту, пак, конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа, единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации. Тоа покажува колку СДСМ го потценува...

Техничкиот премиер и лидерите на партиите 40 минути го чекаа Груевски на средба

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да почне средбата што беше најавена за 12 часот во Порта „Македонија“. На средбата присуствуваат и претседателот на...

ДИК бара решение за повеќе од 40.000 спорни гласачи што не биле најдени дома

Анкетарите при теренската проверка се сретнале со 35.481 гласач, со 41.435 не се сретнале, а за 10.436 не е даден одговор на прашањето дали се сретнале или не, стои во извештајот за теренската проверка на избирачкиот список. Од проверените гласачи, 8.878 се на привремена работа во странство, ама живеат на наведената адреса, 5.093 живееле на таа адреса, па се иселиле,...

Што точно според Бејли и Орав, се пропуштило на 6 април?

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, денеска излегоа со заедничка изјава за распуштањето на Собранието и за најавениот бојкот на изборите од опозициските партии. Во заедничката изјава, Бејли и Орав рекоа дека одреден прогрес во поглед на создавање услови за веродостојни избори е направен, но дека сè уште има многу работа, а на 6 април партиите...

СДСМ: Никола Груевски е проблемот за иднината на Македонија

Денешното правдање на Никола Груевски паѓа во вода исто како што тоне самиот Груевски, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека Никола Груевски е проблемот за иднината на Република Македонија, а дека Македонија застанува на страната на слободата, на страната на вистината, на страната на демократијата и дека почнува широк граѓански фронт за слободна...

Груевски го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

„Доста беше! Оваа криза мора да заврши. Зад оваа криза стои немоќ, страв, деструкција, изгубена опозиција во својата безидејност. Тоа мора да запре“, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој ја повика опозицијата да учествува на избори и изрази надеж дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја промени одлуката. - Ова не е битка помеѓу мене и него....

Груевски: ДКСК да им го покаже мојот анкетен лист на медиумите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во писмена изјава до медиумите ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата на сите заинтересирани медиуми да им го презентира неговиот анкетен лист. „Во согласност со обврските, во законски предвидениот рок, уште на 8 февруари 2016 година, до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го доставив анкетниот лист. Ја користам оваа пригода да ја повикам јавно...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. - Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле...

Груевски: ДУИ не ја напушти Владата, само ќе изврши замена на министрите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не ја напушти Владата туку ќе изврши замена на своите кадри, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека тоа е право на секоја партија која партиципира во извршната власт. Тој рече дека немале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, по одлуката за повлекување на министрите од Владата. - Средба не сме имале, а...

Амбасадата на САД твитна, ДУИ се предомисли и нема да гласа за измените на ЗКП

Демократската унија за интергарција (ДУИ) нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка (ЗКП) ако не биде постигнат политички конзенсуз меѓу најголемите политички партии. Ова го најави потретседателот на Собранието Рафиз Алити со што се намалуваат шансите овие измени да се изгласаат во Парламентот пред неговото распуштање. Од ДУИ велат дека ако измените на ЗКП не ја...

ВМРО-ДПМНЕ: На сите во Македонија им е јасно дека фантомски гласачи нема

Пукна и последниот балон на СДСМ. Се распрска како меур од сапуница големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски. „Денес на сите во Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета...

МВР: Нервозни се оние кои МВР со години го третираат како своја партиска филијала

Декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала, се вели во реакцијата од МВР на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе направиме ревизија во секоја полициска станица, многумина ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение се обрати до техничкиот министер Оливер Спасовски, и како што велат, неговите партиски соработници од СДСМ во неговиот партиски кабинет во МВР, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени, дека со внимание ја следи нивната работа. „Секојдневно се анализира нивното постапување и набрзо ќе дојде денот...

ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Јанева е потврда дека СДСМ нема програма и проекти

Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна...

Десковска: Го менуваат и законот за кривична постапка за да избегаат од одговорност за криминалот

Денеска пред почетокот на собраниската седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска и Муса Ибраими од ДУИ, поднесоа предлог-закон за изменувања и дополнување на Законот на кривична простапка по скратена постапка со кои наместо 15 дена за приложување на докази за одбраната е предвидено тој рок да се продолжи на 90 дена и обвинителството нема да може да покрене постапка 90 дена откако...

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...