fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе направиме ревизија во секоја полициска станица, многумина ќе одговараат

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение се обрати до техничкиот министер Оливер Спасовски, и како што велат, неговите партиски соработници од СДСМ во неговиот партиски кабинет во МВР, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени, дека со внимание ја следи нивната работа.

„Секојдневно се анализира нивното постапување и набрзо ќе дојде денот кога нивното работење детално ќе се ревидира. Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени. Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР. Ниту една незаконска постапка нема да помине неказнето. Во секој град, во секоја општина и во секоја полициска станица. Партиските кадри на СДСМ ги потсетуваме дека нивното време истекува“, стои во соопштението.

Им укажуваме на сите нивни подредени, се вели во реакцијата. да не постапуваат незаконски и да не ги следат партиските наредби од штабовите на СДСМ.

„Нека размислат за нивните лични постапки и за нивната лична вклученост во партиските хајки на СДСМ преку МВР на Оливер Спасовски. Јасна е наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски за хипер-продукција на кривични пријави и прогон за членовите ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на основаноста, фактите и доказите. Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи. Но, и наредбодавците од СДСМ, и нивните извршители од СДСМ и од МВР треба да знаат дека со секој изминат ден нивното време изминува. Набрзо МВР ќе добие нов министер со полн легитимитет. Оние кои ја злоупотребиле својата функција ќе одговараат. Ќе одговараат за нивните партиски хајки од СДСМ, за нивните методи и за нивното партиско самоволие“, стои во соопштението.

Политичкиот прогон кон сите неистомислениците, се вели во реакцијата, набрзо ќе заврши, со исход како и секогаш досега во македонската историја.

„Македонската историја суди и подучува. ВМРО е константа која не може да се заплаши, не може да се демонтира и не може да се искорне. ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи и ќе ја состави новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ се потпира на довербата на народот. Поддршка и присуство во секое село, во секој град, во секоја улица и во секоја општина. Доаѓа времето на составување на нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со министер во МВР со полн легитимитет“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...