Груевски: ДКСК да им го покаже мојот анкетен лист на медиумите

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во писмена изјава до медиумите ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата на сите заинтересирани медиуми да им го презентира неговиот анкетен лист.

„Во согласност со обврските, во законски предвидениот рок, уште на 8 февруари 2016 година, до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го доставив анкетниот лист. Ја користам оваа пригода да ја повикам јавно Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба што ја имам наведено во него“, пишува во соопштението на лидерот на владејачката партија.

Претходно неколку медиуми објавија дека од ДКСК не можат да го добијат анкетниот лист за имотната состојба на поранешниот премиер.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...