fbpx

Техничкиот премиер и лидерите на партиите 40 минути го чекаа Груевски на средба

-

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да почне средбата што беше најавена за 12 часот во Порта „Македонија“.

На средбата присуствуваат и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, претседателот на Сојузот на Ромите на Македонија, Амди Бајрам, и Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Пред средбата никој од лидерите на политичките партии не сакаше да даде изјава за медиумите.

Сепак, според неофицијални информации, се дознава дека претседателите на партиите ќе ја поздрават одлуката за распишување избори на 5 јуни.

До неодамна во коалицијата За подобра Македонија партиципираа и лидерите на ДС и на ДОМ, Павле Трајанов и Лилјана Поповска, но поради политичката криза во Македонија, тие ја напуштија владејачката коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...