fbpx

Што точно според Бејли и Орав, се пропуштило на 6 април?

-

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, денеска излегоа со заедничка изјава за распуштањето на Собранието и за најавениот бојкот на изборите од опозициските партии.

Во заедничката изјава, Бејли и Орав рекоа дека одреден прогрес во поглед на создавање услови за веродостојни избори е направен, но дека сè уште има многу работа, а на 6 април партиите пропуштиле можност да подготват веродостојни избори.

„ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање услови за веродостојни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список, спречување на каква било форма на заплашување или притисок врз гласачите и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Одговорност е, не само на државните институции да подготват веродостојни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, стои во заедничката изјава.

Кој пропуштил можност за подготовка на веродостојни избори? Владата? Партијата на власт? Собранието? ДИК? Опозицијата? Тоа  во соопштението не е прецизно кажано. Нејасно е и дали ова се однесува на распуштањето на Собранието и на бетонирањето на датумот за избори или, пак, на најавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за бојкот на изборите.

Вечерта на 6 април претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го распушти законодавниот дом, а Заев на прес-конференција најави дека СДСМ и здружената опозиција ќе ги бојкотираат изборите.

Се обидовме од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ  да добиеме одговор како тие ја толкуваат изјавата на амбасадорите, но одговор не добивме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...