fbpx

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

-

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

– Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во Министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците. Ова е спротивно на Договорот од Пржино и спротивно на Законот за Влада! Спорно е и тоа што ДИК официјално изразува потреба од само 36 лица за осум општини, а испратени се повеќе од 100 лица во речиси сите општински изборни комисии. Јас, како дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, имам обврска да ги детектирам и да ги контролирам сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите, преку кои власта претходно корумпирала избори и таа мисија доследно ќе ја исполнам. Ја информирам јавноста дека ќе го спречам секој обид за можни неправилности поврзани со кадровски прашања, тесно поврзани со изборите. За да спречам евентуални малверзации, а и да ги поштедам вработените од МИОА од непријатната ситуација во којашто ги ставија Арсовска-Томовска и Јахија, барам повлекување на тимовите составени во координација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – рече Кирацовски.

Дополнителниот заменик министер рече дека инсистира на двојна контрола при внесувањето на податоците и дека ќе побара итен состанок со министерката и со државниот секретар.

– Укажувам на ДИК дека испратените тимови не се составени според обврската од Договорот од Пржино, списокот нема мој потпис, поради што барам на овие тимови да не им биде дозволено внесување на податоците од теренската проверка додека не се обезбеди побараната двојна контрола – изјави Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...