fbpx

Груевски: Македонија ќе се врати на патот на ЕУ и на НАТО

-

„Народот застанува против виткањето „кичми“, против сценаријата за дестабилизација, против уривањето на мирот и на соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени“. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Музејот на ВМРО, промовирајќи нов проект „Од град во село, за нов почеток“.

– Македонија подолг период е во акутна политичка криза и знам дека таа криза го нарушува спокојството на граѓаните, нивниот мир, секојдневието и таа се одразува и на економијата, иако засега економијата се држи солидно. Има и такви кои деновиве ги слушам во дел од медиумите кои порачуваат дека ситуацијата е безизлезна, нема надеж, дека нема светло на крајот од тунелот. Секој почеток има и свој крај, така е и со кризата. Политичката криза ќе се реши, а ние, сите ние ќе излеземе многу посилни од сето ова. Но, и помудри. Македонија ќе се врати на патеките на напредокот, на економскиот развој, на патот на ЕУ и на НАТО и колку и да сака некој, поради свои лични интереси, да нè одврати од оваа наша заедничка цел, тој нè прави порешителни, уште многу повеќе силни да опстоиме, да се бориме, но и да успееме. Македонија ќе продолжи да оди напред и да се развива – изјави Груевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...