fbpx

Кабинет на Иванов: Засега не коментираме ништо околу смртта на Коста Крпач

-

Претседателот засега нема да коментира ништо околу смртта на Коста Крпач, велат за „Мета“ од кабинетот на Ѓорге Иванов.

– Доколку има реакција, ќе бидете известени – ни изјавија од кабинетот на претседателот на државата, на прашањето дали Иванов ќе даде изјава во врска со вчерашниот инцидент во кој беше пронајдено мртво лице кое тој го аболираше заедно со другите 55 функционери и нивни блиски соработници.

Денеска Специјалното јавно обвинителство информираше дека никогаш не била водена кривична постапка против Крпач и тој никогаш немал својство на осомничено лице, како и дека сè уште чекаат одговор на поднесеното барање за достава на податоци во врска со тоа од каде му се информациите на претседателот на Република Македонија дека, наводно, против ова лице се водела кривична постапка.

Од СЈО најостро ги демантираа наводите на одредени медиуми дека обвинителството правело каков било притисок врз сега покојниот Коста Крпач.

Крпач вчера попладне беше пронајден мртов во својата спална соба откако, наводно, околу 13.20 часот, пукал од својот балкон на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец.

Од МВР информираа дека лицето било пронајдено со прострелна рана во градниот кош. Покрај телото било пронајдено и оружјето со кое најверојатно било пукано.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Битола изјави дека нема да го коментира случајот и ќе остави истрагата да си ја заврши работата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...