fbpx

Одложена лидерската средба во Виена

-

Лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена, дознава „Мета“ од дипломатски извори.

Засега нема официјална потврда од Брисел за одложување на средбата ниту, пак, има информации кога би можело да се одржи средбата која има цел да го спаси Договорот од Пржино.

Делегацијата на ЕУ во Скопје во вторникот до лидерите на политичките партии во Македонија испрати покани за лидерска средба во Виена, во име на еврокомесарот и на европратениците. До денеска, само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го потврдија своето присуство. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера на прес-конференција соопшти дека од неговата партија нема да учествуваат на средбата доколку претседателот Ѓорге Иванов не ја повлече одлуката за аболиција и ако не се свика Собранието за да се одложат изборите, закажани за 5 јуни.

Политичката криза во земјата се продлабочи откако претседателот Иванов одлучи да ги сопре судските процеси против политичарите и нивните соработници, но и откако претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и членовите од СДСМ, ја напуштија седницата на која се гласаше за прочистеноста на избирачкиот список и за условите за веродостојни избори.

Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук-профил напиша дека кризата треба да се реши во Скопје.

„Кризата треба да се реши во Скопје веднаш од страна на одговорните политичари. Ние ги поддржуваме и сме конструктивен дел од добронамерните напори на меѓународната заедница да се стави крај на кризата“, напиша Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...