fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Општина Центар ќе истражува кој ги поставил спомениците на албанските дејци

Општина Центар воопшто не е запознаена, ниту пак учествувала во ноќното тајно поставување на трите споменици на албанските дејци, реагираат денеска од општината. „Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар“, стои во реакцијата од...

Груевски на средбата со Хајндл: За брз излез од кризата потребна е функционална влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл на денешната средба разгледувале различни аспекти на политичката криза како и „различните можности кои би довеле до нејзинот разрешување“, се вели во соопштението од владејчката партија за средбата. Груевски на средбата истакнал дека неговата партија е посветена кон изнаоѓање на решенија за...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“

Одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев. „Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот...

Собранието ги одложи изборите – нема нов датум

Со 96 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик, со кои се одложуваат изборите, кои претходно беа закажани за 5 јуни. Нов датум не е утврден со измените. На гласањето му претходеше жестока расправа, која траеше повеќе од еден час, а почна по обраќањето на пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, кој рече дека денешната одлука...

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ. Тој доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд...

Дескоска: Одлуката на Уставниот суд создава само привид дека нешто се решава

Одлуката која денеска ја донесе Уставниот суд е уште една потврда дека решенијата ги пишува Груевски, а не оние што ги носат тогите во судот, изјави на денешната прес-конференција, Рената Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека пред точно три месеци, Уставниот суд се прогласил ненадлежен за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство,...

Избираме бојкот наместо ВМРО-ДПМНЕ, порача „Шарената револуција“ од Битола

„Ако има избор, кој е тој избор? Меѓу што ќе избираме, меѓу бојкот и ВМРО-ДПМНЕ?“, беше главното прашање што денеска го поставија демонстрантите од „Шарената револуција“ во Битола. Еден од водачите на протестот, Илија Балтовски, на присутните им го постави прашањето дали ќе одберат бојкот или ќе го одберат ВМРО-ДПМНЕ, по што сите скандираа „Бојкот, бојкот, бојкот“. Балтовски, исто така, рече дека причината што денеска...

ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, нема да прави митинзи, туку средби со граѓани

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи. Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да...

ЛДП: Авантурата на Груевски води кон меѓународна изолација на Македонија

Авантурата на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер, Никола Груевски, да излезат сами на избори, ќе ги загрози евроалтантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана, велат од Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП). Од партијата велат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата. „Власта, која е синоним за...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ нека почне со кампањата, па СДСМ ќе ја каже стратегијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во телефонски разговор со „Мета“ рече дека сè уште е рано да ги открие партиските стратегии за 5 јуни. Oдговарајќи на новинарско прашање, на 7 април на прес-конференција, Заев рече дека СДСМ „нема намера на телевизија да ги гледа изборите“. - Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ...

ДИК денеска одлучува каков чекор ќе преземе

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа како ќе постапи, откако утврди дека на изборите закажани за 5 јуни ќе настапи само една коалиција. Иницијативата за овој работен состанок е на членовите на комисијата од ДУИ и од СДСМ, а од исходот на денешниот состанок ќе зависи дали оваа точка ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствена партија на гласачкото ливче

Без жрепка, Државната изборна комисија на денешната седница формално утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите. На денешната седница, ДИК потврди дека СДПМ ги повлече своите кандидатски листи. По гласањето, реагираа членовите на ДУИ, Субхи Јакупи, и на СДСМ,...

Вељаноски останува на ставот дека нема уставна можност да го свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, останува на својот став дека нема уставна можност повторно да се свика Собранието. По писмото што вчера Државната изборна комисија го упати до Вељаноски, а со кое го информира дека во одредени изборни единици има отстапување за повеќе од 5 отсто според бројот на гласачи, од кабинетот на собранискиот спикер информираат дека писмото од ДИК е само...

Хајндл разговараше со Груевски за решенија за брз излез од кризата

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, попладнево имаше средба со лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „Соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата, вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено по средбата. Според соопштението, Груевски истакнал дека партијата е посветена на наоѓање решенија кои би...

Само во листите на ВМРО-ДПМНЕ немало грешки

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија чии кандидатски листи ги потврди ДИК на денешната седница затоа што поднесени биле неопходните документи, а биле запазени и сите формалности за шесте изборни единици. ДИК констатираше дека двете други партии, Народно движење и Социјалдемократска партија, доставиле кандидатски листи со низа неправилности. Во листите нема соодветна застапеност на жените, нема симбол на партиите, потврда за неосудуваност, изјавите не...

ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ со заеднички листи за пратеници

ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ вечерва, најдоцна до полноќ, ќе поднесат заеднички листи за кандидати за пратеници до ДИК. Ова било потврдено вечерва на централниот одбор на ГРОМ. Од ВМРО-ДПМНЕ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека на сите прашања ќе одговорат откако ќе ги достават листите до ДИК. Се очекува на овие листи да се најдат имиња и на кандидати...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе листи за пратеници

Народното движење за Македонија (НДМ) и ВМРО-ДПМНЕ се партите што ќе поднесат листи за кандидати за пратеници и кои сигурно ќе учествуваат на изборите, ако се одржат на 5 јуни. НДМ веќе ги достави листите до Државната изборна комисија (ДИК), додека владејачката партија се очекува тоа да го стори попладнево, пренесоа медиумите. Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво...

Груевски денеска промовираше пелети и ИТ-компанија и стигна на прослава кај Орав

Почетокот на работата на холандската ИТ-компанија за висококвалитетни софтверски решенија „Симфони солушнс“, беше првиот настан по 12 дена на кој се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На промоцијата на инвестицијата присуствуваше и премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Промоцијата на проектот за греење на пелети за заштита на животната средина и за заштита на здравјето на граѓаните во Археолошкиот музеј...

Заев: СДСМ не е за фиксирани избори, туку за условен датум

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата што ја организираше „Цивил“, рече дека партиите имаат билатерални средби и разговори со претставниците на меѓународната заедница, но дека преговори меѓу четирите најголеми партии нема. Тој рече дека избори на 5 јуни нема да има, но и дека СДСМ не сака нов фиксен датум за избори, туку се залагаат за условен датум. -...

Котевски: Нема потреба за загриженост, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тука и е добро

Точно 12 дена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се појавил во јавноста, со изјава или промоција на проект. Последен пат тој беше забележан од камерите на 28 април годинава, на промоцијата на проектот „Од град во село за нов почеток“, во Музејот на ВМРО. Единствено, во јавноста се појавија негови фотографии по средбата со пратеничката од Европскиот парламент, Маријана Петир,...

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска се сретнаа претстевници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои ја договараат идната владина коалиција. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо...