fbpx

Груевски денеска промовираше пелети и ИТ-компанија и стигна на прослава кај Орав

-

Почетокот на работата на холандската ИТ-компанија за висококвалитетни софтверски решенија „Симфони солушнс“, беше првиот настан по 12 дена на кој се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На промоцијата на инвестицијата присуствуваше и премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.

Промоцијата на проектот за греење на пелети за заштита на животната средина и за заштита на здравјето на граѓаните во Археолошкиот музеј на Македонија беше втората станица од денешната агенда на Груевски.

Тој ја објасни новата мерка низ три сегмени, меѓу кои поддршка за набавка на печки за греење за домаќинството, за кои државата ќе обезбеди субвенции до 70 проценти, по принципот старо за ново, за најмногу 30.000 денари по домаќинство. Како втор сегмент, Груевски ја посочи поддршката за набавка на самите пелети. Вредноста на ДДВ за крајните корисници на пелетите и на печките кои работат на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти. И третиот сегмент се однесува на субвенционирање на инсталирање на системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти.

Веднаш по овие два настани, Груевски се појави и на свеченоста по повод Денот на Европа, кој се одржа во канцеларијата на ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...