fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, нема да прави митинзи, туку средби со граѓани

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа како ќе постапи откако утврди дека на изборите закажани за 5 јуни ќе настапи само една коалиција.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, денеска во телефонски разговор со „Мета“ рече дека сè уште е рано да ги открие партиските стратегии за 5 јуни.

Oдговарајќи на новинарско прашање, на 7 април на прес-конференција, Заев рече дека СДСМ „нема намера на телевизија да ги гледа изборите“.

– Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ со организирање митинзи и настани за изборите, па тогаш и ние ќе ја почнеме нашата стратегија. Иако јас сум сигурен дека тоа нема да се случи – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги...