fbpx

Дескоска: Одлуката на Уставниот суд создава само привид дека нешто се решава

-

Одлуката која денеска ја донесе Уставниот суд е уште една потврда дека решенијата ги пишува Груевски, а не оние што ги носат тогите во судот, изјави на денешната прес-конференција, Рената Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека пред точно три месеци, Уставниот суд се прогласил ненадлежен за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство, а денеска донел сосема спротивна одлука.

– Хаосот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и на сите нивни послушнички институции. Како што Груевски ги менува ставовите според своите потреби, така се менуваат и ставовите на Уставниот суд. Владејачката коалиција создаде ситуација на правен хаос и комплетна нестабилност на државата. Денешната одлука на Уставниот суд создава само привид дека со неа се отвара пат за решавање на кризата. Се додека Уставниот суд одлучува во зависност од тоа кое копче ќе го притисне врхушката на власта нашата земја има сериозен проблем. Се додека незаконски дадените аболиции произведуваат правно дејство и ја спречуваат правдата, земјата е во политичка, но и во уставна криза – рече Дескоска.

Таа додаде дека решението на длабоката политичка криза е поништување на срамната одлука на Ѓорге Иванов за аболиција, како и свикување на Собранието за одложување на изборите и спроведување на фер, демократски, регуларни избори со исполнување на сите услови.

Одговарајќи на новинарско прашање Дескоска рече дека за да може да се зборува за спроведувањето на Договорот од Пржино, мора да се создадат услови во кои Специјалното јавно обвинителство ќе може да работи, а тоа според неа, може да се постигне само ако се повлече одлуката за аболиција.

Дескоска истакна и дека се подготвени да разговараат за сите решенија кои би помогнале во решавањето на кризата и во спроведувањето на правдата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...