fbpx

„Елефтерос Типос“: Проституција, дрога и шверц со луѓе на Идомени

-

Во Идомени цутат нелегалната трговија и криминалот, тврди грчкиот весник „Елефтерос Типос“. Според весникот, ситуацијата во кампот е целосно надвор од контрола, бидејќи покрај мрежите на шверцери на луѓе кои заработуваат од пренесување на бегалци кон Македонија, покрај мрежите на продавачи на дрога и цигари сега почнува да се развива и проституција во кампот.

„Елефтерос Типос“ тврди дека, една вагон во Идомени и соба во една зграда кај пругата се користат како бордели. Оние кои ја водат оваа мрежа на проституција, како што тврди весникот, користат сами и незаштитени жени кои се останати речиси без пари во кампот и им плаќаат од 5 до 10 евра за проституција. Според весникот, се работи за жени кои се сами во Идомени, чии сопрузи или се останати во родните држави или успеале да преминат во ЕУ, пред да се затворат границите.

Според весникот, иако грчката полиција уште од март има издадено наредба да се заштитат жените бегалци од секаков вид насилство и напади, за сега нема полициски акции кои би ги сузбиле ваквите активности. Весникот тврди дека полицијата веројатно е свесна за ваквите криминални активности, но не интервенира поради наредбата да нема акции кои би довеле до инциденти и насилство во кампот.

На Идомени работите и натаму се комплексни. Според официјалните бројки има 9.183 бегалци, а заминувањето кон бегалските центри се одвива со бавен ритам делумно поради отпорот на дел од луѓето да заминат, делумно бидејќи уште се чека да се подготват бегалските центри околу Солун.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...