fbpx

Хајндл разговараше со Груевски за решенија за брз излез од кризата

-

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, попладнево имаше средба со лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата, вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено по средбата.

Според соопштението, Груевски истакнал дека партијата е посветена на наоѓање решенија кои би значеле брз излез од наметнатата политичка криза.

„Интерес на државата и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и на економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија што ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство. Тој посочи дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните, нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и во развојот на демократското општество. Во поглед на интеграциските процеси, Груевски посочи дека стратешки интерес за државата е членството во Европската Унија и во НATO и дека континуирано се преземаат мерки и активности поврзани со реформската агенда“, се вели во соопштението.

Хајндл, придружуван од германската амбасадорка, Кристине Д. Алтхаузер, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Тој, по средбата во МНР, разговараше и со амбасадорот на САД, Џес Бејли. Другите политички средби се закажани за утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...