Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите

-

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја истакнува и ја засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на веродостојни избори, велат од Амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

– Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа за зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од Амбасадата на САД.

Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда вградена во Договорот од Пржино, итните реформски приоритети на ЕУ, извештајот на Прибе и на препораките на ОБСЕ-ОДИХР.

– Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја – велат од Амбасадата на САД во Македонија.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...