ВМРО-ДПМНЕ: Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“

-

Одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев.

„Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра. Измените во Законот што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат токму таква можност, да биде повлечена аболицијата на Зоран Заев и државата да ги врати осумте милиони евра за кои е оштетена во случајот „Глобал“. Изминативе шест месеци јавноста беше сведок на деструкцијата на СДСМ откако влезе во институциите. Шест месеци партиските кадри на СДСМ не реализираа ниту еден позитивен проект од полза на граѓаните. Шест месеци само ги блокираа веќе започнатите проекти и работеа на ангажирање на партиските послушници на високи позиции во позиции во министерствата кои ги раководеа. Владата беше дисфункционална“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека не постои ниту една единствена разумна причина зошто мнозинството пратеници во Собранието не би ги прифатиле оставките на партиските кадри на Зоран Заев.

„СДСМ и Зоран Заев избегаа и од изборно соочување на 5 јуни покажувајќи дека се смртно преплашени од фактот дека народот ја прочита нивната деструкција и ќе ги казни на избори. Со тоа не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...